Всушност, девојката која ни ги испрати своите дела не ги правела специјално по овој повод, туку веќе си има своја фејсбук страница, „Мракизам“, каде објавува вакви песни, „вооружена со црн маркер“. На тој начин, како што самата објаснува, на индивидуално ниво си поигрува со личниот мрак, но на колективно „ги тресе црнилата на модерното општество“.
Како во оние смртно сериозни рецензии, би додале: Ана Тодоровска, или Ана Мрак, покажува дека бришењето може всушност да биде откривање, и дека еден исцрнет ред вреди повеќе од илјада зборови. Посакуваме некои идни нејзини маркери да бидат во посветли бои, песните да зборуваат за некои поубави и повесели работи, а визуелно да се прелеваат во боите на виножитото. До тогаш ѝ го доделуваме ветеното пакетче не-црн чај.
Избор од „песните“:
И нашиот фаворит: