Bookbox

Збирка поезија, од која дел била начкрабана на ливчиња помеѓу достави на храна, му ја донесе на Ванг Џибинг една од најпрестижните книжевни награди во Кина. Неговата збирка „Низок лет“, инспирирана од секојдневните предизвици со кои се соочуваат неговите колеги, ја освои Наградата за книжевност „Лу Сун“ - именувана по писателот кој се смета за татко на модерната кинеска книжевност.

Денес „ментор“ се користи за искусна личност што советува, насочува и им помага на другите да напредуваат. Но малкумина знаат дека овој поим има речиси три илјади години стара историја и потекнува од еден лик во Хомеровата „Одисеја“, каде што улогата на менторот е многу поголема отколку што изгледа на прв поглед.

Геометријата како тајно оружје во фудбалот

Фудбалот најчесто се поврзува со брзина, техника и физичка подготвеност, но зад најдобрите акции често стои и нешто неочекувано – геометријата. Пред финалето на Светското првенство меѓу Шпанија и Аргентина, аналитичарите посочуваат дека токму паметното распоредување на играчите и создавањето триаголници при додавањата може да биде една од клучните причини за успехот на шпанската репрезентација.

Бон-тон за одење во кино на почетоците на филмот

Во почетокот на 20 век, првите кина, особено таканаречените никелодеони, не биле само места за гледање филмови. Тие станале простор каде што луѓе од различен пол, општествена класа и потекло се собирале заедно, што претставувало голема промена во однос на строгите викторијански правила и предизвикувало различни реакции во тогашното општество.

Како руските уметници во 1914 година ја замислувале Москва во 2259 година

Долго пред научната фантастика да стане популарен жанр, уметниците и илустраторите се обидувале да ја замислат иднината. Една интересна серија разгледници од 1914 година открива како Русите го гледале животот во Москва повеќе од три века подоцна – исполнет со нови технологии, но и со многу елементи од тогашното општество.

Мисирката и снајперистот: моќните метафори од „Проблемот на трите тела“

Култниот кинески роман ни е следен за читање во книжевниот клуб „Пат кон Истокот“ (сабота, 26 април во 12 часот во „Јадро“), а домаќин ќе биде проф. Игор Радев. Како и секоја добра научна-фантастика, и ова дело е лабораторија за размислување за самата природа на реалноста. Меѓу највознемирувачките идеи во книгата се двете параболични „теории“: онаа со фармерот што ги храни мисирките пред Денот на благодарноста и онаа со снајперистот што пука во ѕид и потоа црта мета околу погодените места. 

Кој е тој режисер „Алан Смити“? - приказната зад најпознатиот филмски псевдоним

Филмските одјавни шпици обично се момент на гордост. Името на крајот од филмот е своевиден печат: „Еве, ова го направив.“ Но што се случува кога проектот излегува толку лош, или толку изменет од продуцентите, што авторот не сака да има никаква врска со него?

Сарказам и саркофаг: кога јазикот „кине месо“

Од духовита (и заЈАДЛИВА) забелешка, до камен што распаѓа тела, зборовите сарказам и саркофаг имаат заеднички, изненадувачки „месест“ корен во старогрчкиот јазик. Нивната етимологија открива колку јазикот знае да биде суров, буквален и сликовит.

„Совршената сосетка“ или документарецот сниман со полициски камери номиниран за Оскар

Со појавата на полициските боди-кам снимки, жанрот „тру крајм“ добива нова визуелна и наративна форма. Наместо реконструкции и интервјуа, пред нас се одвиваат сурови, нефилтрирани сцени од реални интервенции – конфликти, страв, неодлучност и институционални пропусти. Овој пристап отвора прашања не само за индивидуалната вина, туку и за улогата на законите, оружјето и системот на правда во современа Америка, во филм номиниран во жанрот документарец за оваа година. 

Најмалата „планина“ на светот не е планина

Како едно камче стана вирална сензација, а мал град во Австралија гордо ја слави својата навистина најмала планина.

Звучните поштенски марки на Бутан: најмалите винили во светот

Eдно мало будистичко кралство, со помош на авантурист од Америка, создало необични поштенски марки што можат да се пуштат на грамофон.

Што се случувало на првите Оскари?

Првата церемонија на доделувањето на наградите на Академијата во 1929 година траела само 15 минути – без директен пренос, без црвен тепих и без изненадувања.

Вики со трите бакнежи: гласот што ги заведувал и мамел нацистите

Во текот на Втората светска војна, во сенката на фронтовите и бомбардирањата, се водела и тивка психолошка војна. Радиото станало моќно оружје, а гласот на една млада жена се претворил во внимателно конструирана илузија. Зад музиката и романтичните пораки се криела стратегија што требало да внесе сомнеж, страв и несигурност кај непријателот.

Сонот за универзален јазик на слики: дали навистина можеме да комуницираме без зборови?

Од сообраќајните знаци до емоџите, луѓето постојано се обидуваат да создадат универзален јазик на слики што ќе ги надмине јазичните и културните разлики. Но дали симболите навистина можат да бидат разбирливи за сите?

Империјалната историја на пекинезерот

Како модата за мали кинески кучиња станала симбол на британскиот империјален идентитет?

Тургењев номиниран за Оскар

Краток, 18-минутен филм достапен на Нетфликс ќе ве освежи многу повеќе од некои долгометражни кои оваа година се номинирани за престижната награда. Студена зимска ноќ, кафана чии полици се тресат додека во близина поминува воз и луѓе - секој со својата мака и тајна, сплотени преку музиката. 

Запознајте го Александру Македонски

Понекогаш до нас стигнуваат дојави за кои на прва не сме сигурни дали се измислени или реални. Но по опсежни проверки и фактот што на Википедија има дури 23 статии за него, поверувавме - човек по вакво име навистина постоел. 

Ем-тирето сега се вика и Четџипити тире — има и зошто

Околу 2024, корисниците забележале дека Четџипити и другите јазични модели почнале често да го користат ем-тирето. На интернет тоа почнало да се нарекува „Четџипити тире“. Некои сметаат дека причината лежи во податоците со кои биле обучувани моделите. Компании купувале голем број печатени книги од претходните децении и ги дигитализирале — така моделите ги презеле стилските навики на класичната литература, кои денес звучат необично во секојдневни мејлови и текстови, особено на македонски. Значи, ви кажавме.

Најдобриот британски романсиер за кого никој не слушнал

Пофален од В. Х. Оден и Вирџинија Вулф, Хенри Грин напишал девет извонредни романи пред да се повлече и да падне во заборав.

Пингпонгарот-шибицар: вистинската приказна зад „Марти Суприм“

Филмот номиниран за Оскар ја раскажува приказната за спортски талентиран њујоршки измамник од 1950-тите, кој сонува да излезе од сенката на семејната продавница за чевли и да се пробие на светската сцена. Иако формално станува збор за филм за пинг-понг, суштината е повеќе во карактерот, амбицијата и опсесијата со успехот.

Нема Валентајн за жабецот Ромео

Во 2019 пишувавме за машката жаба (жаб?) кој цели 10 години живеел во присилен целибат затоа што го сметале за последен жив примерок од својот вид. Тогаш му најдоа женка, а парот го нарекоа Ромео и Јулија. Ромео сега умре, без да се размножи. Сепак, оваа приказна не е трагедија.

Филмови на Берлинале 2026 во една реченица

Програмата на Берлинале 2026 е обемна и често збунувачка. Како еден од најголемите филмски фестивали во светот, фестивалот прикажува повеќе од 200 филмови – од блокбастери до експериментална уметност – распоредени во различни селекции. Бидејќи киното не е само натпревар, еве водич низ најинтересните филмови во и надвор од конкуренција во ептен краток опис.

Џефри Епстин, начитан човек

Читањето обично се смета за знак на префинетост, упатеност, образованост. Текстот што следи го разгледува книжевниот вкус на Џефри Епстин не како доказ за културна длабочина, туку како средство за престиж и влез во елитни интелектуални кругови. Преку неговите преписки и референци кон канонски автори, се отвора прашањето дали литературата навистина го облагородува човекот или може да послужи како алатка за самоконструирање, манипулација и морално самооправдување.

Човекот што ја преживеа Нијагара – но не и кората од портокал

Приказната за Боби Лич е парадокс на модерното време: еден човек што ја надживеал силата на Нијагарините водопади, инженерските ризици и човечката смелост, но загинал од банална повреда во свет без антибиотици. Таа нè потсетува дека историјата не ја одредуваат само големите подвизи, туку и кревкоста на секојдневниот живот.

Револуција: за идеали гинат будали?

Од Француската до дигиталната, револуциите ветуваат слобода, правда и нов почеток. Но историјата покажува дека зад големите идеали често стојат насилство, разочарување и повторување на старите грешки.

Стаклар, производител на кибрит: пет професии од кои се умирало

Минатото често изгледа романтично кога го замислуваме од дистанца, но зад многу „шармантни“ занимања се криеле сериозни и смртоносни опасности. Професиите што денес звучат речиси идилично неретко значеле тежок труд, изложеност на отрови и краток животен век.

Што значи „Џи-пи-ти“?

Четџипити беше еден од првите генеративни чат-ботови со вештачка интелигенција што станаа масовно популарни, отворајќи бројни дебати - од иднината на работата до етиката и точноста на ВИ. Но и оние што редовно го користат можеби не знаат што значи кратенката GPT. Всушност, секоја буква во неа открива нешто суштинско за начинот на кој функционира оваа технологија.

Анендофазија или луѓето кои немаат внатрешен глас

Сме пишувале за феноменот на афантазија и сме правеле интервјуа со луѓе кои не можат ништо да визуелизираат, односно немаат „внатрешно око“. Ова е нешто слично, ама се однесува на отсуството на внатрешен глас кого некои од нас го слушаат, иако не секогаш го послушуваат.

Посиромашните помагаат повеќе

Интуицијата би била ваква - ако имам малку, тоа морам себично да го чувам затоа што и тоа малку-то можам да го загубам. Ако имам многу (време, ресурси, пари), па и одвишок, тоа значи дека би бил поподготвен и да дадам, бидејќи тоа нема значајно да се одрази на мојот статус. Е, ама па не.