Bookbox

Куќата во австрискиот град Браунау на Ин, во која во 1889 година е роден Адолф Хитлер, од 22 јули официјално стана полициска станица. Одлуката, донесена по долгогодишни расправи и обемна реконструкција, повторно ја отвори дебатата за тоа како треба да се постапува со местата поврзани со нацистичкото минато и како тие да се зачуваат од злоупотреба.

Пред да ги напише своите најпознати романи и да стане еден од најконтроверзните гласови на бит-генерацијата, Вилијам С. Бероуз имал уште една опсесија - древната цивилизација на Маите. Според нови истражувања, писателот драстично ја преобликувал нивната култура за сопствени книжевни цели, но неговите приказни сепак биле вкоренети во академските сфаќања за оваа цивилизација што биле актуелни во времето кога студирал во Мексико. 

Скриената историја на зборот „ментор“

Денес „ментор“ се користи за искусна личност што советува, насочува и им помага на другите да напредуваат. Но малкумина знаат дека овој поим има речиси три илјади години стара историја и потекнува од еден лик во Хомеровата „Одисеја“, каде што улогата на менторот е многу поголема отколку што изгледа на прв поглед.

Како го гледав „Одисеја“ во грчко летно кино

Да се најдеш случајно во Солун на денот на премиерата на „Одисеја“ е како да си се нашол случајно во Њуjoрк на финалето на фудбалското првенство. Ако не си од најопседнатите, јасно ти е дека е нешто битно, но не и интензитетот на страстите што ги буди еден ваков настан од, во основа, забавен карактер. Сепак, атмосферата понесува, па ти доаѓа на проекцијата не само да купиш пуканки во специјална изработена „кофа“ во форма на Тројански коњ, туку и да си ставиш шлем на глава.

Геометријата како тајно оружје во фудбалот

Фудбалот најчесто се поврзува со брзина, техника и физичка подготвеност, но зад најдобрите акции често стои и нешто неочекувано – геометријата. Пред финалето на Светското првенство меѓу Шпанија и Аргентина, аналитичарите посочуваат дека токму паметното распоредување на играчите и создавањето триаголници при додавањата може да биде една од клучните причини за успехот на шпанската репрезентација.

Баталете бегање пред бикови - ова е трчање со ирваси

Фестивалот се одржува секој март, се вика Фур Рандеву, а локацијата е Аљаска. Целта: тркање на луѓе со ирваси, за туристички и хуманитарни цели. 

Писателот кој (наводно) го измислил необичниот спорт - борење со палци

Го викаат „мини-голф на боречките спортови“. Станува збор повеќе за игра за двајца, во која палците се користат за да симулираат борба. Целта е да се спушти палецот на спротивникот и да се изброи до четири. 

Што е тоа „Ердошов број“? - oбновено

Кога во одредена област некој е толку влијателен што има статус на „гуру“, постојат цели генеолошки стебла на луѓе кои се поврзани со него, по тоа и тоа „колено“. Во случајов човекот е Пол Ердош, а областа е математика.

Жабите-женки лажираат смрт за да одбегнат парење со непожелен партнер

Тоа што денес е 8 март можете да го поврзете или не со насловот. Но очигледно природата смислила начин како живите суштества од женски род да се одбранат од поагресивните, а несакани машки партнери - ако не поинаку, а тогаш со лукавство.

„Ќориот Хитлер“ - зошто именувањето инсекти по луѓе не е добра идеја

Ја има во пештери во Словенија и генерално не е нешто „посебно“ - бубачка ко бубачка. Но нејзиното име отвора голема дискусија помеѓу зоолозите дали научните називи на животните, птиците и инсектите треба да содржат човечки имиња.

Како Ејси-диси и Моторхед станаа звуци на Втората светска војна

„Пики Блајндерс“ ги има Ник Кејв и Пи-џи Харви. „Мечката“ има рок за постари. „Сјутс“ има блуз. Но филмовите и сериите за Втората светска војна имаат - метал.

Неколку  најскапи коректорски грешки во историјата

Грешките во пишувањето може да се банални, може да се засрамувачки, но исто така можат да бидат и - скапи.

Како двајца уметници ја развиле истата естетика иако биле разделени со океан и војна

Американецот Александар Калдер и шпанскиот уметник Жоан Миро, на две различни страни на светот и среде Втората светска војна, успеале да создадат неверојано слични дела во својот медиум. Кога и лично се запознале, станале најдобри другари.

Архитектура и балет: брилијантниот кореограф кој внесе танц во Баухаус

Индустриски дизајн или архитектура - движењето Баухаус ретко е поврзувано со танц. Но еден човек ги „превел“ принципите на овој стил во изведба која е исто толку привлечна колку и добро направена столица или зграда. 

Џевата околу вистинскиот Ласло Тот

Ако сте го гледале „Бруталистот“, името на главниот лик во него ви звучи толку познато што целата приказна делува како биографска и за архитект кој навистина постоел. Вистинското изненадување следува кога ќе го изгуглате името, очекувајќи да ви излезе некој што многу личи на Едријен Броди и плус е уметник.

Во Скопје доаѓа музичарот што соработувал со Кокто Твинс и чија музика ја користат Ралф Лорен и Баленсијага

Музичар со 14 албуми зад себе, со глас на Чет Бејкер кој својата љубов кон џезот ја комбинира со раната фасцинација со панкот, трип хопот и нешто што звучи како филмски саундтрак. 

Книгата стара 131 година која го предвиде Трамп

Моравме повеќе пати да ја провериме оваа информација која делува како теорија на заговор. Но таква книга навистина постои, напишана од американски правник. 

Како се претставени архитекти на големото платно?

„Бруталистот “ е прекрасен филм кој во себе спојува приказна за имигрантското искуство, архитектурата и моќта. Самите објекти кои ги гради фиктивниот архитект Ласло Тот (улога за којашто Ендријен Броди го доби Оскарот за главна улога) се подеднакво протагонисти во филмот колку и самите луѓе. Токму поради оваа своја карактеристика, тој се вбројува во релативно малиот број филмови во историјата што го постигнале истото. Но такви сепак има.

Лего со големина на бело крвно зрнце стана најмалата скулптура на планетата

Создадена од микроскопскиот уметник Дејвид А. Линдон, скулптурата има димензии од само  0.0025 cm X 0.0022 cm. Тој е микроскопски уметник, кој работи само ноќе за да одбегне вибрации од автомобили и научил како да дише за да успее да ги намести микроскопските делови и пигменти без да си ги уништи делата. 

Букбокс читанка: „Аларм“ од White Beliot (а.k.a. отец Пимен)

Мала по обем и по формат книга која комбинира два жанра - новела и монодрама - но прави и уште најмалку две работи. Алармира за тоа колку различните титкања и м'мкања на телефонот ни го одземаат вниманието, за повеќе да зборуваме со него и за него отколку со себеси. И изведува интересен експеримент со две верзии на истиот текст. 

Како да одржиш политички говор на Оскарите без да го зафркнеш

Ете, и тоа се случи. Стоиш на сцената, со Оскарот в рака, пред кремот на Холивуд и пред милиони гледачи. Може да кажеш нешто едноставно, како „фала мамо“. Или да кажеш нешто ангажирано и актуелно. Второто е многу поризично, ама ако знаеш како, може и да го трефнеш моментот.

Парадоксот на осаменоста: како медиумите ја моделираат нашата самотија

Во ерата на хиперповрзаност, осаменоста е прогласена за глобална епидемија со значајни последици за менталното и физичкото здравје. Јавните кампањи и медиумите долго време се обидуваат да се изборат со оваа криза - но дали можеби ја прават уште полоша?

Кога Фокнер го поставил рекордот за најдолга реченица во американската книжевност

Реченицата има 1288 зборови и е од романот „Авесалом! Авесалом“ од 1936-та. Таа е „тек на свеста“ на главниот лик, кој размислува за наследството на американскиот Југ, историјата и судбината, a е многу карактеристична за стилот на Фокнер.

Поделба на улоги од соништата во нова изведба на „Гленгери Глен Рос“

Да се надеваме дека кога веќе не можеме да бидеме таму, некој ќе ни овозможи стриминг или барем снимка. Во тек на само 12 недели на Бродвеј ќе се прикажува нова верзија на легендарниот текст на Дејвид Мемет. Овој пат место Џек Лемон, Алек Болдвин и Ал Пачино во познатата филмска верзија, едни други многу јаки дечки.

Професија: хранител на мачки

Во викторијанска Англија мачките станале сакани љубимци, до тој степен што се развила економија на продавачи со колички наречени „мачко-месари“. Мачките по улиците им се умилкувале, кралското семејство ја поддржувала нивната „хумана“ мисија, но повремено се појавувале урбани легенди што фрлале сенка врз нивниот лик и дело.

Дали на растенијата им „фаќа црпката“?

Сите дискусии за вештачката интелигенција не само што ги поттикнуваат прашањата за јазот помеѓу природната и вештачката, туку и прават да преиспитаме што е всушност првата и кој во животинското царство е заслужен да биде наречен интелигентен?

Илјадници уметници објавуваат „тивок албум“ во знак на протест кон ВИ што ги користи нивните дела

Повеќе од 1000 музичари, вклучително Ени Ленокс и Кејт Буш, ќе издадат албум со звуци од празни студија во знак на протест против планираните промени на законот за авторски права во Британија. 

Трагичното пријателство на еден француски и еден југословенски поет

Ален Боске (1919-1998), француски книжевник со белгиско-руско-еврејско потекло. Бранко Миљковиќ (1934-1961), еден од најпознатите југословенски и српски поети и преведувачи. Двајцата напишале дела посветени на другиот. Во романот на Боске се открива и можната причина за нерасветлената смрт на Миљковиќ.

„Килинг ми софтли“ - почина соул дивата Роберта Флек

На 88-годишна возраст почина легендарната пејачка, која беше дијагностицирана со амиотрофична латерална склероза (АЛС) во 2022, кога целосно го загуби гласот.