Bookbox

Покрај малиот број автори кои „успеваат во животот“ и можат не само да се издржуваат туку и добро да печалат од својата работа, мнозинството кои пишуваат затоа што не можат а да не го прават тоа работат нешто друго во таканаречениот секојдневен живот. Голем број од нив биле толку сиромашни што да можат да се разбудат денес би се чуделе што во меѓувреме нивните книги станале класици.

Ретко ни се случува да не знаеме како да почнеме осврт, но тоа обично е добар знак - дека нештото е повеќеслојно, тешко за доловување низ рационалните алатки на текстот и такво кое мора самиот да го видиш за да сфатиш за што воопшто станува збор. Со тазе изгледана последна епизода од нешто што и не веруваме дека би имало следна сезона, почетокот би можел да гласи - догледајте го ова и покрај тоа што на моменти ќе сакате да го од-видите.

Ај нафта, ама што значи ако снема хелиум?

Војната во Иран и затворањето на Ормускиот теснец го нарушија глобалниот синџир на снабдување со нафта и гас, што директно влијае врз бројни индустрии – од производство на ѓубрива до пластика и алуминиум. Еден помалку очигледен, но многу важен ресурс што се најде во фокусот е хелиумот.

Хиени и жаби: Стив Коупленд од „Полис“ со нов албум со звуци од дивината

Вчера, 20.04., излезе албумот „Див концерт“, кој балансира на граница меѓу звукот, науката и екологијата. Во центар на оркестарска композиција се гласови на животни. Но тој не е замислен само како експериментална форма, туку и како силна порака за кревкоста на животната средина и итноста од нејзино зачувување.

На 98 почина Дезмонд Морис, авторот на бестселерот „Голиот мајмун“

Зоолог, писател, уметник и ТВ водител, Дезмонд Морис при крајот на 1960-тите стана еден од првите бестселер автори на научно-популарна литература во која ги застапуваше своите социо-биолошки теории. Накратко - дека луѓето и не се толку различни од мајмуните, освен во влакнестоста.  

„Мафија“ - како советски социјален експеримент стана друштвена игра

Во 1987, Димитри Давидов, тогаш студент по психологија на државниот Московски универзитет, „на нејќење“ создал една од најдобрите игри на сите времиња. Ако не сте ја пробале, ви требаат „само“ околу 7-8 души, талент за лажење и за откривање на туѓите лаги.

Кога брзото јадење тестенини било улична атракција за туристите во Неапол

Уште во 1787 Јохан Волфганг фон Гете, при својата посета на Италија, запишал дека „пастата може да се купи насекаде и за многу мали пари“. Притоа тестенините се јаделе како и лебот, имено, со раце. 

Њујоршкиот ресторан кадешто готвачки се бабички од различни култури

Енотеката Марија на Стејтен Ајленд почнала како италијански ресторан и винарија. Но денес служи храна направена од „нони“ од Азарбејџан, Узбекистан, Перу, Јапонија и други земји. 

Повеќето од нас им веруваат на научниците ама им замеруваат на арогантноста

Пандемијата и затеченоста на науката околу мерките кои требаше да бидат преземени (или не) ја разниша довербата во неа. Или барем така изгледаше непосредно по нејзиното завршување. Сега, истражување со 72.000 луѓе од целиот свет покажува дека репутацијата на науката сепак не е загрозена. Научниците само можат да бидат малку поотворени и подготвени на дијалог.  

Зошто одеднаш има толку многу шпионски серии?

Од втората сезона на хитот на Нетфликс, „Ноќен агент“ до „Бавни коњи“ на ЕплсТВ+ со стариот и добар Гери Олдман во главната улога, приказните за тајни агенти и мрачни завери изгледаат повторно актуелни. Тоа е, велат, затоа што нивната содржина се вклопува во општата атмосфера на недоверба и желбата да се ѕирне зад завесите на мрачниот и таен свет кој управува со светот. 

Букбокс гледаше: „Шугаркејн“ (документарен, 2024)

Номиниран за овогодинешните Оскари, овој филм зборува за ужасните злосторства извршени врз четири генерации домородни деца, кои биле „преобратувани“ во католички училишта во Канада, од крајот на 19 век, дури до 1997.

Букбокс читанка: „Пристапни обреди“ од Вилијам Голдинг

Најпознат по својот дебитантски роман „Господар на мувите“ од 1954, Голдинг е добитник на Букер за книга која стана прва во неговата „морска трилогија“. Три години по нејзиното излегување ја доби и Нобеловата. Kaко и голем број други дела кои се одвиваат на брод, и тука атмосферата е клаустрофобична, а ликовите и нивните односи се асоцијации на оние кои владеат на копното. Сепак, најмалку еден од нив доживува катарза, односно премин. 

Човекот кој ја „труе“ вештачката интелигенција за да ги заштити авторите од имитација на нивните дела

Се вика Бен Жао и е професор по компјутерски науки на Универзитетот во Чикаго. Неговото име се најде на листата на Економист од 100 најпрестижни научници кои се занимаваат со ВИ за 2024. Методите му се навистина креативни, иако е жално за каква цел се наменети.

„Револуција на здравиот разум“ - што точно значи повикот на Доналд Трамп?

„Во изминатите 72 часа светот беше сведок на револуција на здравиот разум“ - ова го изјави новоизбраниот, 47-ми претседател на САД, при виртуелното обраќање на Светскиот економски форум во Давос, само три дена по својата инаугурација. Терминот „здрав разум“ беше често повторуван во неговите победнички говори, но секогаш во истиот контекст - дека тоа е нешто што е потребно, добро и револуционерно.

„Не знам како една чиста рака воопшто може да допре весник“ - 19-вековната згрозеност од токсичноста на вестите

Големите француски писатели од 19 век фрлале со дрва и камења по она што тогаш биле масовни медиуми - весниците и списанијата. Но притоа заборавале две нешта. Прво, дека голем дел од нив немало да продадат ниту еден ред од своите писанија да не биле објавувани во весници. И второ, дека доминантните медиуми сепак нудат простор за уметничко изразување, кој само треба да се освои. 

Koга Марлон Брандо купил остров каде сакал да отвори „Универзитет на морето“

На Тетиароа, живописна група од корални гребени и песочни островчиња, археолози, морски биолози и етнолози соработуваат за да го промовираат овој уникатен еко-систем. Инспирација им е Марлон Брандо кој во 1966 го купил островот, но починал без да ја оствари својата најголема желба - да го претвори во пример за одржлив развој и зачувување на традициите. 

1969: како ќе изгледа Југославија во 2000-тата?

„Југославија во 2000-тите“ е статија објавена во весникот „Борба“ од уредникот на овој весник, Стане Станиќ. Првото промашено предвидување секако е она најбазичното, дека Југославија воопшто ќе постои. 

Зошто видео игрите користат оперска музика?

Игриците имаат долга историја на користење музички парчиња од опера и класична музика. Но некои креатори одат чекор понатаму во продлабочувањето на врската помеѓу гејмерското искуство и музичкото доживување. 

Повраќање, паѓање во несвест, инфаркти: колку може да биде опасно гледањето филм?

Рана проекција на нова верзија од „Невозможна мисија“ наводно предизвикала таква реакција кај некои од гледачите што требало да се вика брза помош. Дали ова е маана или напротив добра страна на филмовите од кои и се очекува да „стресат“?

Елен, заборавената сестра на Симон де Бовоар

Пикасо ја обожавал и велел дека таа е уметник пред своето време. Но Елен де Бовоар секогаш била во сенката на нејзината многу попозната сестра. Сега, со отворање на ретроспективна изложба во Британија, јавноста конечно има прилика подобро да ја запознае.

Кој сака да биде милионер?

Звучи како име на познатиот квиз, ама не е. Станува збор за повик на министерот на јужната индиска држава Тамил Наду, дека ќе додели еден милион долари на оној кој ќе го дешифрира писмото на припадниците на древната Индска цивилизација. 

Вистинскиот лик зад „Приказната на Стрејт“ од Линч

Неодамна починатиот режисер деновиве е прославуван поради неговите надреални, фантазмагорични и често морничави визии. Но има еден негов филм кој е толку „нормален“, а толку убав, што човек дополнително да му се восхитува на умешноста да пренесе една трогателна приказна, за обичен човек чиј потфат во спротивно со сигурност ќе беше заборавен.

Последната жива ученичка на Рахмањинов наполни 100 години

Нешто ни тргна со овој композитор деновиве. Пребарувајќи по изведби на негови дела, наидовме на снимка од 1930-тата на која тогаш петгодишно девојче го свири Бетовен. Нејзин професор и ментор бил Рахмањинов. 

„Дизајнирано за катастрофа“ - филм од 1962 за ризиците од пожари во Лос Анѓелес

Во пожарот во Бел Ер (исто така Лос Анѓелес) од 1961, своите куќи ги загубиле ѕвезди како Денис Хопер, Берт Ланкастер, За За Габор и Олдос Хаксли. Нивните биле помеѓу вкупно 484-те објекти уништени во пламените јазици. Пожарникарската служба една година подоцна објавува документарен филм во кои ги објаснува причините за несреќата. Нешто е преземено како превентива за иднина, ама па не може човек секогаш против природата која не направила услови за град на тоа место.

Кој прв ја дефинирал придавката „линчовско“?

Почнува со отсечено уво среде зелена ливада. Ова е нешто што не припаѓа на контекстот, метафора, точка на заплет. Истовремено е и морничаво и смешно и „хммм“. Со еден збор е - линчовско. 

„Биодојч“ е германски не-збор на 2024

Ова „не-збор“ означува дискриминирачки, шовинистички или во друга смисла навредлив термин кој во текот на годината бил често споменуван во јавниот дискурс. Идејата е да се привлече внимание кон тоа како се користи јавниот говор и колкава штета можат да направат некои термини доколку нивната употреба се нормализира. 

Како хипнозата го извлекла Рахмањинов од депресија и го инспирирала да создаде ремек-дело

Популаризиран од британската драма од 1945, „Кратка средба“ и од хитот „Ол бај мајселф“ на Ерик Кармен, вториот концерт за пијано на Рахмањинов е едно од најпознатите музички дела на сите времиња. Но помеѓу него и претходната Прва симфонија, напишана три години претходно, композиторот минувал низ тежок период. Му помогнал колега - лекар, виолист и хипнотизер. 

Дали „рускиот рулет“ е навистина руски?

Играта на живот или смрт веројатно ја измислиле руски војници. Но најзаслужен (или виновен) за нејзината популарност е всушност Швајцарец.

Како книга за пчели ја скандализирала Европа

Насловот не делува дека е контроверзен. Но „Приказната за пчелите“, која најпрвин била објавена анонимно во 1705 всушност била остра сатира со критика упатена кон богатите и моќните од тоа време.