Bookbox

Тенисот отсекогаш бил спорт со необични правила и уште почуден речник. Поени како 15, 30 и 40, термини како „дјус“ и „предност“, како и фактот дека нула поени се нарекуваат „лав“, збунуваат. Како збор што обично го поврзуваме со романтика и чувства станал официјален начин да се каже дека некој нема освоено ниту еден поен?

Историјата на Александар Maкедонски е исполнета со битки, освојувања и легенди што со векови ја замаглуваат границата меѓу фактите и митот. Колку повеќе растела неговата слава, толку повеќе приказни почнале да се плетат околу неговото име - некои вистинити, некои преувеличени, а некои целосно измислени. Една од нив е и приказната за неговата наводна посета на Кипар и необичното крунисување на сиромашен градинар. 

Човекот што го барал изворот на младоста, а ја нашол - Флорида

Ако постои историска награда за најдолговечна легенда, тогаш онаа за изворот на младоста сигурно би била меѓу фаворитите. Со векови луѓето сонуваат за магично место што ќе ги подмлади, а името на Хуан Понсе де Леон речиси неизбежно се појавува секогаш кога ќе се спомне оваа приказна. Но зад митот за вечната младост се крие многу покомплексна и поинтересна личност - војник, истражувач, колонизатор и човек чиј живот бил исполнет со потрага по нови земји, богатство и слава. 

На 104 почина Едгар Морен, мислителот кој се спротивставуваше на едноставните одговори

Со заминувањето на францускиот интелектуалец, светот загуби еден од последните големи мислители на 20 и 21 век, кој речиси цел век посвети на борбата против поедноставувањето на светот. Неговото дело беше обид да се покаже дека реалноста никогаш не може да се разбере преку едноставни поделби, цврсти категории или една дисциплина сама по себе.

Убав е шопингот во Солун, ама колку знаеме за неговата урбана историја?

Можеби сто пати сте ја шпартале Цимиски и сте ручале во таверните во Лададика. Но Солун е многу повеќе од шопинг и добра храна. Градот содржи многубројни слоеви историја и мрежи влијанија, кои често се маргинализирани или репресирани. Овој пат за неговиот урбанизам и архитектура, плански создавани по катастрофалниот пожар во 1917 и двајца визионери-уметници, чии животи се вградиле и во биографијата на градот.

Човекот со златно грло

Бизарната навика ревносно да ја следам рубриката со некролози по медиумите понекогаш се покажува како прилично корисна. Инаку можеби никогаш не би слушнала за Конгар-ол Ондар, мајсторот на туванското грлено пеење.

Киборгот кој слуша бои

Нил Харбисон (1982) е современ уметник, музичар и киборг активист. Стана славен откако го доби правото во пасошот да се слика со изумот „ајборг", кој му овозможува да ги нагласи и прошири сопствените сетила на вид и слух, со што практично стана првиот официјално признаен киборг. Ова е неговиот говор на ТЕД.

Илинден во време на Фејсбук

Што ако во 1903 имало компјутери, ако Илинденците го најавеле востанието преку Фејсбук, а место малихерки во рацете држеле џојстици? Поука: ако организирате револуција, гледајте и непријателот да ги има платено сметките за интернет.

Како се вика „четири" на исландски?

Во книга „Мислење во бројки: за животот, љубовта, значењето и математиката" од Даниел Тамет, се анализира една необична лингвистичка појава - различните изрази за едни исти бројки во еден ист јазик. И потполното отсуство на зборови за бројки во други.

Спиењето како анти-капиталистички чин

Новата книга на Џонатан Крери, „24/7: доцниот капитализам и крајот на спиењето", зборува за една актуелна тема - конфликтот помеѓу биолошката потреба за сон и современиот притисок за продуктивност.

Четворица славни „багабонти“ под шатори

Во август 1918, кога имал 81 година, писателот Џон Бароуз заминал на 12 дневно патување со 71-годишниот Томас Едисон и помладите бизнисмени Хенри Форд и Харви Фајрстоун. Фотографиите сега се достапни онлајн, преку библиотеките на Универзитетот Харвард.

Типови муштерии по книжарници

Од сите можни поделби на различни типови читатели, една е посебно интересна, затоа што е направена од агол на оние кои постојано се соочуваат со психопатологијата на секојдневниот читател - продавачите по книжарници.

Знакот за нов ред

Во книгата на Кит Хјустон, софтверски инженер и писател, „Тајниот живот на интерпункцијата и симболите", се истражува историјата на голем број вообичаено користени типографски знаци. Некои од нив ретко се употребуваат, но раскажуваат интересна приказна. Како на пример оној за нов пасус.

Кончаловски за руската црква, Олимпијадата и клозетите

Андреј Кончаловски (75), славниот руски сценарист и режисер („Полудениот воз", „Танго и Кеш" и ко-сценарист со Тарковски на „Рубљов"), брат на Сергеј Михалков, неодамна објави текст под наслов „Во каков Бог верува рускиот човек?" и влезе во интересна полемика со Руската православна црква. 

Книги за сите сетила

Има книги кои без оглед на содржината, се убави. Мат пластифицираната корица некако лизга под дланка, хартијата е благо рељефна и ги дразни јаготките на прстите, мириса на печатарска боја, на складишта во предградијата и на оние кои ја читале пред тебе. Ама има книги кои се намерно правени да бидат сетилни.

Koга Бјорк го сретна Атенборо

Звуци на громови, сини китови, клукајдрвци, и многу технологија, употребена за сето тоа да се регистрира и да се истражи врската помеѓу науката и музиката. Водители: кој друг ако не визионерката од Исланд и четириесет години постариот природонаучник?

Земјотресна уметност

Како да се разбере реалноста на геолошки активниот свет, и да се живее со тоа сознание, без истото да се поврзува само со катастрофи и страв? Уметноста, таа универзална терапевтска алатка, помага. Особено ако е споена со релеватно научно знаење. 

Зошто „скара" е машки род?

Скарата е многу сериозна работа. И не случајно е прогласена за машка. Ако баш сакате да ги тестирате нејзините родови аспекти, обидете се како женско да се замешате во која било фаза од нејзината подготовка. 

Хаику поет-убиец

Полицијата во внатрешноста на Јапонија гони 63-годишен маж за кого се сомнева дека убил пет лица, потпалил две куќи и зад себе оставил трага во вид на хаику песна.

„Полицаецот“ (2011)

Eден навидум приглуп локален полицаец, еден агент на FBI, тројца криумчари на дрога навлечени на Ниче, две симпатични проститутки, многу кокаин и брутален хумор кој ги разбива сите можни стереотипи. Супер филмче од Џон Мајкл МекДона, братот на Мартин МекДона („Во Бриж“).

Омилените на Бордејн

Помеѓу активното присуство на колење свињи во Чешка, преку јадењето животински ануси во околината на Виена, до труења од сомнителна храна во некоја од африканските земји, Бордејн очигледно има време и да чита. Ова се неговите 10 омилени книги.

Тетратките на Грејс Хемингвеј

Некои мајки сакаат не само добро да ги запомнат, туку и да ги архивираат и најситните детали од растењето на нивните малечки - стратегија која во некои случаи се покажува како корисна за историјата на книжевноста. Како во случајов, со „Радосницата“ на мајка му на Хемингвеј.

Типови читатели, вистинска

И порано сме нуделе класификации на читачи, од мазохисти, хронолошки, книготерминатори, инфантилни, фетишисти. Врз основа на повеќе вакви предлог-поделби, Лаура Е. Кели направила детален инфографик, во кој можеби ќе се пронајдете.

Дали треба да се пишува само за она што добро се познава?

Во интересен текст во Њујорк Тајмс, Бен Јагода анализира три вообичаени совети за пишување. Еден од нив е најзафркнат.

Хармониката и нејзините мајстори

Една необична работилница за поправка на хармоники на Тајмс Сквер, и Либертанго на Галијано, кој утре настапува во Охрид, во предворјето на Св. Софија. Двајца маjстори, за и на хармоника.

„Ха-хање" на различни јазици

На Rеddit деновиве се појави интересна дискусија за тоа како изгледа муабет на социјални мрежи на не-англиски јазици. Да, има локални варијанти за изразување различни чувства кои се повеќе од обични емотикони. И некако сме среќни што голем број од нив се однесуваат на - смеење.