Наречена „Линеова хиерархија на читатели", ова е графички приказ кој нема амбиција да биде сеопфатен, на читателски видови според нивниот однос кон книгата. Наречена е според Kaрл Лине и неговата таксономија на живите организми од 1735.
Сепак, со оглед на нејзиниот наслов, во читателската систематизација улога игра една особена емоција која во животинскиот свет и не е пресудна - љубовта. Ако не се пронајдете во неа, не се секирајте. Или сте мешавина од неколку категории, или нејќете да си признаете дека сте такви какви што сте.