Секоја книга е придружена со негов краток коментар.
„Пријателите на Еди Којл" од Џорџ В. Хигинс
Најдобриот, најреалистичниот крими роман на сите времиња. И најдобар дијалог во крими роман на сите времиња.
(Се сеќаваме на една епизода од „Без резервации", снимена во Бостон, која ја посвети на оваа книга.)
„Тивкиот Американец" од Греам Грин
Драма, романса, трагична историја во Југо-источна Азија? Тоа е за мене! Често ја читам. Особено кога го посетувам Виетнам.
„Белиот албум: есеи" од Џоан Дидион
Би сакал да пишувам како Џоан Дидион.
(Збирката текстови се однесуваат на движењата од 1960-тите, од Црните пантери до појавата на трговските центри).
„Есеи" од Џорџ Орвел
Парадигма на сета мудрост. Орвел е во право за речиси сè.
„Страв и параноја во Лас Вегас: дивјачко патаување во срцето на американскиот сон" од Хантер С. Томпсон
Книгата која врз мене има извршено најголемо влијание. Прозен стилист и личност која го има променето мојот живот.
„Гол ручек" од Вилијам С. Бароуз
Валкан, опасен, револуционерен. И смешен до коска. Не е идеален модел за формирање личност, ви гарантирам. Но е писател на кого сакав, за арно или за лошо, да се угледам.
„Помеѓу оброци: апетит за Париз" од А. Џ. Либлинг
Најдобрите страници посветени на пишувањето за храна. Ненадминато. Пример како треба да изгледа секој текст на оваа тема.
„Играта на Рипли" од Патриција Хајсмит
Елегантен, вкусно бесмртен прилог во серијата за социопатите како херои. Основа за филмот на Вим Вендерс, Американскиот пријател.
„Судир" од Џ. Г. Балард
Насилно. Откачено. Смешно и убаво.
„Вистинска храброст" од Чарлс Портис
Најдобриот женски лик кој сум го прочитал. Портис е еден од најпотценетите автори на 20. век. Заборавете ги филмските верзии. Неговата книга Куче од југот е исто така брилијантна.
Освртот кон неговата книга „Доверливо од кујната“ во Букбокс читанка.