Bookbox

Марк Блох бил сведок на големи настани во европската историја, во која не учествувал само набљудувајќи ја од кабинет и од академски височини. Бил пешадиски офицер во Првата светска војна, а по германската окупација на Франција во Втората му се приклучил на движењето на отпорот. Гестапо го стрелал во 1944. Сите овие премрежја му помогнале да пристапува на историјата „од долу“ - од аспект на таканаречените „обични луѓе“, а не само земајќи ги предвид официјалните документи и приказната на победниците. 

Филм кој на дел од сајтовите е класифициран како „комедија“ всушност е болна сатира за тоа како современите образовни системи, ориентирани кон квантитативно мерливи „постигнувања“, се справуваат со „скапаните јаболки“ помеѓу учениците - оние кои го нарушуваат одвнатре. Како да решиш проблем со еден таков пред доаѓањето на инспекција? Заклучи го во визба. 

Oд каде името „макадам“?

Цело време мислевме дека станува збор за турцизам. Ама името да ти доаѓало од шкотскиот инженер Џон Лаудон Мекaдам, кој осмислил поевтин и потраен начин за изградба на патишта, поставувајќи ги темелите на технологијата што подоцна ќе доведе до современите асфалтни коловози.

Огромен музеј на Битлси ќе биде отворен во 2028 во Ливерпул

Родниот град на легендарната четворка ќе добие нова, oгромна туристичка атракција посветена на бендот. Проектот ќе ги оживее клучните места од историјата на Битлси, од нивното детство во Ливерпул до концертите во Хамбург, Лондон и Њујорк.

Бесрамноста како извор на политичка моќ

Отпорот да се биде прифатен од другите може да стане извор на политичка моќ. Социјалните мрежи овозможуваат постојано следење на јавното однесување: секоја изјава може да биде извадена од контекст, осудена и искористена против оној што ја дал. Стравот од нарушување на сопствениот углед ги тера луѓето да се самоцензурираат, да избегнуваат чувствителни теми и да ги приспособуваат своите ставови на она што се смета за општествено прифатливо. 

Единствениот уметник кому не му е дозволено да ја користи најрозовата розова боја

Ова време минатата година пишувавме за тоа дека британска компанија произведе „Вантацрна“ боја и му даде ексклузивни права за нејзино користење на британско-индискиот уметник Аниш Капур. Тогаш сликарите низ светот остро реагираа на ваквото монополизирање на боја. Еден од нив сега се одмаздува, со добра смисла за хумор.

Пронајди го твојот древен двојник

Интересна музејска идеја, која додуша може да повлече дискусии кои се прелеваат вон областа на физичката антропологија. На пример, кој повеќе личи на Аполон, просечен Бугарин или Македонец? 

„Проблематична“ маичка од турнеја на Морисеј повлечена од продажба

На некогашниот пејач на Смитс не му е прв пат да западне во контроверзи. Во случајов на маичка што планираше да ја продава како сувенир на следната турнеја во САД тој има искомбинирано свои стихови со лик на познат црн писател и активист. А комбинацијата е отворена за толкувања.

Билборди заменети со фотографии на пејсажите зад нив

Запролети, и само што седнавме во двор на омиленото место под јоргованот, пред нас почна нешто да трепка - билборд со подвижна реклама за некакви светилки. Не дека не можеме да го помрднеме столчето, ама како побогу некој да се заштити од тоа да му се загадува погледот? Една изложба на отворено нуди решение, иако не трајно. Ние ќе мораме подесно-полево.

Британската домаќинка која превела 70 руски класици на англиски

Делата на најпознатите руски писатели - Толстој, Достоевски, Чехов, Гончаров, Тургењев - долго време не им биле достапни на читателите од англиското говорно подрачје. Додека една болникава и невпечатлива Британка не одлучила да ги преведе.

Рускиот поетски скандал кој завршил со двобој

Историјата на книжевните л’жги и местенки е долга и богата (за што имаме пишувано тука). Но само во Русија од раниот 20 век можело да се случи поезија да биде повод двајца мажи да пукаат еден во друг.

Важноста на една единствена запирка

Една оксфордска запирка, пред или после некој збор, значи многу кога е во прашање законот. Вака внимателно да беше пишуван уставот на РМ, каде ќе ни беше крајот?

Ико и Еко: браќата албиноси кои настапувале како циркуска атракција

Нова книга под наслов „Трувajн: двајца браќа, киднапирање и потрагата на една мајка“ на Бет Мејси е посветена на животната приказна на двајца албино браќа со афро-американско потекло, кои биле грабнати и присилени да настапуваат во циркус во 1920-тите.

Глобалните катастрофи како услов за еднаквост

Вознемирувачка, ама издржана лекција по историја: нова книга тврди дека ретките случаи на еднаквост од глобални размери била постигнувана исклучиво во времиња на големи кризи, кога на Земјата шетале четирите јавачи на апокалипсата (кои додуша ширеле несреќи главно во женски род): глад, смрт, војна и освојување. Зарем до ова дереџе дојдовме, да се надеваме на апокалипса?

„Младиот Шелдон“ наместо „Биг бенг“

Колку и да ја сакаме серијата, не можеме а да не забележиме дека по 225 епизоди во неа почнува да се случува нешто чудно. Последната, 18-та епизода од десетата сезона е повеќе депресивна психо-драма отколку комедија. Ова, како и најавата за сосема нова серија посветена на детството на еден од ликовите, е можна најава за нејзиниот крај.

Последната љубовница на Мусолини

Нова биографија на Клара Петачи, ќерка на личниот доктор на Папата, која на 20-годишна возраст ја остварила својата опсесија, да му биде љубовница на 49-годишниот Дуче. 

Луѓето кои доброволно се согласиле да бидат труени од владата

Не се работи за метафорично „труење“ со пропаганда или со погрешни политички одлуки. 12 млади мажи во 1902 волонтирале за истражување на американската влада, согласувајќи се таа полека да ги труе, за научни цели.

Човекот што од хотел направи митско место

Во хотелот Челси свои дела напишале Боб Дилан, Коен, Џек Керуак, Вилијам Бероуз. Имало и помалку познати уметници кои со години живееле тука како потстанари под „спонзорство“ на хотелскиот менаџер. Тој деновиве почина, на 82 години, носејќи ги со себе и бројните приказни кои се граничат со митови. 

„Почесниот граѓанин“ (El ciudadano ilustre, 2016)

Добитник на Нобелова за книжевност кој пред 40 години заминал од родната аргентинска провинција за да живее во пософистицираната Барселона, одеднаш одлучува да ја прифати поканата на тамошните локалци, кои сакаат да го прогласат за почесен граѓанин. Работите бргу излегуваат од контрола.

Ноне Абрашева Ноциќ: „Новинарот треба да ги знае сите букви и да не умре млад“

Нејзината книга интервјуа која ќе се промовира вечерва (петок) во 20,30 во „Подрум“ во Буњаковец е со пребогат кастинг: перјаници на балканската литература (Басара, Луциќ, Перишиќ, Рудан, Буриќ), музичари (Бреговиќ, Чолиќ), актери (Шербеџија) и светски познати готвачи. Има дури и еден владика и една Нобеловка за литература! И сето тоа затоа што една паметна и упорна жена одлучила да го засука новинарскиот ракав, давајќи им активен отпор на медиокритетството и мрзата.

По Трамп: редизајниран библиотечниот систем за проверка на факти

„Ама така пишуваше на интернет, професорке!“ - стандардното објаснување за некаква глупост во семинарските на генерациите растени онлајн барем за оние американските има антидот во форма на систем за проверка на вистинитоста на она што се цитира. Тој сега има и нов начин на датирање - пред, за време и (кој знае) по Трамп.

Нов француски стрип за животот на едно глуво дете

9 март во Франција е националниот ден на слухот, посветен на зголемувањето на свесноста за проблемите на 6-те милиони луѓе со нарушен слух во оваа земја. По тој повод излезе стрип кој го прикажува секојдневниот живот на едно семејство со глуво дете. 

Kинеското писмо кое го користеле исклучиво жени

Нушу е слоговно писмо, многу поразлично од традиционалните кинески идеограми. Од 19-тиот век се користел за пишување на специфичниот дијалект кој го зборуваат луѓето од провинцијата Хунан во јужна Кина. Но го знаеле само жените.

Премиерот кој даде оставка поради несоница

Има повеќе причини зошто висок политичар би бил приморан да се откаже од привилегиите на својата функција, и тие најчесто имаат врска со пари или со секс скандали. Но има и ретки примери со кои не можеш а да не сочувствуваш, затоа што се за греота. Ова е еден од нив.

Обидот њујоршка библиотека да мириса исто како во 1906

„Сетилна историја“ - вака би можела да се опише работата на група историчари, кои сакаат да нè вратат во минатото не само преку слики и звуци, туку и преку мириси.

Банкси отвори хотел „со најгрдата глетка на светот“

Се вика Walled Off - игра со зборови и асоцијација на синџирот луксузни хотели Waldorf, а е лоциран во Витлеем, веднаш до ѕидот што ги дели палестинските територии од Израел. Отворен е со надеж дека ќе привлече повеќе израелски туристи на оваа страна oд границата.

Што пол е Гарфилд?

Пред некое време пишувавме за едно битно филозофско прашање - дали јафа е бисквит или колаче. Еве уште едно такво: дали Гарфилд е машко,  женско, или нешто трето? Да си знае кој пат да го фати на 8ми март.

Том Хенкс испрати машина за кафе во Белата куќа

Не е за турско, туку за јако црно еспресо, кое треба да им помогне на новинарите кои известуваат од кабинетот на претседателот да останат будни и концентрирани во борбата за вистината. За некои од нашите може рачно цедалче за лимун ќе заврши повеќе работа.