„Одмаздникот“ е уметникот Стјуард Семпл, кој во знак на протест одлучил самиот да креира специјален пигмент, под едноставното име „Розово“.
Оваа боја, за разлика од „Вантацрна“, не е базирана на нанотехнологија, но сепак според авторот е „најрозовиот розов пигмент на сите времиња“. И сега доаѓа финтата - Семпл дозволува продажба на оваа боја ама баш на сите на светот, ОСВЕН на Капур. Цената е 5 американски долари по тегличка, но услов за да ја купите е да потпишете изјава дека немате намера да му ја продадете на „душманот“. Попрецизно, изјавата гласи вака:
„Со купување на овој производ вие потврдувате дека не сте Аниш Капур, не сте поврзани со него, не го купувате овој производ за Аниш Капур или за негов соработник. Колку што знаете, колку што сте информирани и според ваше длабоко убедување, оваа боја никогаш нема да падне во негови раце“.
Единствен начин Семпл да се премисли е доколку тоа го стори и Капур, и се откаже од ексклузивните права за ВантацрнаТА. Поточно, „да не се однесува како себично другарче што не дава гума на час“.
Топката...односно бојата...е кај Капур.