Bookbox

„Експлицитни сексуални сцени, пирсинг во живо и голи монахињи на ролерки“ - вака известија светските и нашите медиуми за премиерата во Државната опера во Штутгард која се одржа деновиве. Иако звучи како да станува збор за нова опера, таа е всушност стара повеќе од 100 години.

Она кога експерти од областа на што и да е ќе ти кажат дека „тоа не е така“, дека треба да се аплицира на сто места и да се почне со работа само ако сумата е со пет цифри? Еден компјутерски инженер решил да истражува урбан звучен пејзаж само со - стар телефон поставен на раскрсница во Сан Франциско.

Донирај глас за „Буки“!

Сè започнува со едно паѓање од точак и кршење рака. На ова се надоврзува друга, емотивна загуба. Но сета тоа се преточува во креативност, од која произлезе нова платформа за транскрипција на усмен говор на македонски во текст. За нејзин понатамошен развој можете да придонесете и вие!

„Ураган“ всушност бил древен бог кој правел р'шум

Јужноамериканските Маи верувале дека се во вселената, од природниот свет до секојдневните искуства, е дел од една единствена моќна духовна сила. Не биле политеисти (како старите Грци) кои обожувале одделни богови, туку пантеисти кои верувале дека тие богови се манифестација на таа сила. Еден од нив се викал Ураган.

Во германскиот официјално одобрена употребата на „идиотскиот апостроф“

Deppenapostroph е колоквијално име на интерпункциски знак кој не е карактеристичен за германскиот, туку долго време е користен како влијание на англискиот. Сега високо лингвистичко тело во Германија го одобри, откако сфати дека премногу се раширил за да може да се игнорира.

Вознемирувачки документарец за скокоткање

Почнува како хумористична и благо иронична репортажа за една садо-мазо ниша, а продолжува како крими трилер, со моменти на политички коментар. Да не се гледа ако имате јак скокот.

1971 била најдобрата година за рокенрол

Заради приватни причини имаме причина да го делиме ова мислење на музичкиот новинар Дејвид Хепворт, изнесена во негова нова книга. Ама годината си е јака, исто како и музиката создадена во тоа време. 

Голема фото-изложба на Уелбек во Париз

Неговиот последен роман „Покорување" (осврт тука) требаше да биде промовиран токму на денот кога се случи терористичкиот напад на Шарли Ебдо. Денес, кога сите го очекуваат исходот од можниот Брегзит, тој ноншалантно си отвара изложба. „Отсекогаш сум бил мајстор на тајмингот", вели со познатата камен-фаца.

„Драга Британијо“

Неколку европски писатели им пишуваат отворено писмо на жителите на Островот, споделувајќи ги своите размислувања за тоа дали вреди да се остане или да се излезе од ЕУ. Во основа она што им го велат е - не си одете!

Поучна сликовница со Доналд Трамп (пак)

Од една страна, мимикрирањето на политичка сатира во форма на детски сликовници е симпатично, можеби на долги стази и поучно. Од друга страна, мора ли и децата да ги заморуваме со истите ликови со кои сме опседнати ние?

Кога деца биле испраќани како поштенски пакети

Што се случило кога Американците прв пат добиле можност да испраќаат поголеми пакети по пошта? Залепи марка на бебето, и испрати го кај баба и дедо.

Крај на пишаниот збор на Фејсбук?

Дури и оние кои не биле баш добри во пишување состави во школо станаа речити на социјалните мрежи. Но за пет години зборовите нема да бидат алатката со која ќе комуницираме на Фејсбук. Кој знае дали ова е добра вест, или логореата само ќе биде заменета со прекумерна визуелизација?

Дали е можно да се биде истовремено и анархист и банкар?

Ова е главната тема на краток текст на славниот португалски писател Фернандо Песоа. Иако објавен во далечната 1922, тој делува неверојатно актуелен, спојувајќи во нешто што изгледа како идеолошки оксиморон две спротивставени позиции на постигнување човечка слобода.

Три зборови што ја одредуваат вашата локација

Непрецизното адресирање е причина за непристигнување на пратки во 75% од светот (што е повеќе од 135 држави). Голем број луѓе така стануваат „невидливи" и тие, затоа што живеат некаде кадешто нема официјална улица, населба или општина, не можат да добијат известувања или помош. Eдна британска фирма има решение.

„Стариот“ - приказни за нашите татковци

„Мудро е она дете што го познава татка си", напишал Шекспир. Марк Твен пак во негов стил додал: „А необично е она кое истовремено безрезервно го почитува". Нова книга - збирка кратки приказни за неколку познати татковци раскажани од нивните деца (и од славни деца кои раскажуваат за нивните помалку познати родители), е издадена во чест на Денот на таткото, кој во САД се одбележува третиот ден недела во јуни.

Циркуска претстава на лондонски гробишта

Австралиската циркуска трупа Цирка под раководство на Јарон Лифшиц, која брои околу 20 луѓе, се обидува да ја издигне оваа изведувачка уметност над нивото на спектакл, комбинирајќи ја со музика, поезија, театар и архитектура.

Зошто Улис веќе не нè шокира?

Мал број вербални артефакти се толку кул колку првото издание на славниот роман на Џојс, кој бил објавен во Париз, на 2 февруари 1922. Но денес кога ниту една мисла, слика или збор не се незамисливи, бидејќи што и да ти текне може да го изгуглаш (и да добиеш каков-таков резултат), Улис веќе не е лингвистичка ризница, туку непотребно комплициран терен. А ова е како Еверест да го наречеш превисок, вели коментатор на Њујоркер.

Мистериозното киднапирање на најстарата поп ѕвезда на светот

Нов филм го истражува исчезнувањето на Би Кидуде, 102- годишната источно-африканска пејачка, позната по рапавиот глас, палавата смисла за хумор и љубовта кон цигарите.

Приказната за индиските улични продавачи на чај

„Чај вали" е име за луѓето кои на секое ќоше, и во секое населено место во Индија подготвуваат топол чај со млеко, кој ги освежува минувачите. Една фоторепортерка и еден новинар го документираат нивниот живот.

Контроверзен Музеј на маченици во Данска

Што мотивира некои луѓе да си го дадат животот за некаква кауза? Една изложба-перформанс посветена на оваа тема се обидува да даде одговор на ова прашање. Притоа во поставката, едни покрај други, ja вклучува Јованка Орлеанка и терористи од неодамнешни напади, чии рани сè уште зацелуваат.

Тестирањето како начин да се одљубиш од јазикот

„Јазикот е едноставен
тој е како дишење.
Излегуваме од матката подготвени за него...
Потоа доаѓа тестаторот.“ 

Подкаст со приказни за оние кои страдаат од несоница

Авторот на ова раскажувачко „шоу“, чии епизоди ги симнуваат 1,3 милиони луѓе месечно, има добар рецепт: неговите приказни балансираат на тенката граница помеѓу умерено интересни и крајно досадни. Таман за да ве заспијат. 

Ромео и Јулија со крај по избор

Со векови славната драма на Шекспир е симбол на трагичен крај на една љубов. Но нели би било фино кога приказната за Ромео и Јулија би можела да заврши на различни начини, од кои повеќето не трагични, туку откачени?

Смртта на точката

Една од најстарите форми на интерпункција добива нов семантички потенцијал - бидејќи не мора да ја има, нејзиното појавување во порака или на чет e знак дека работата е сериозна

Последниот ден на еден банкар

На вчерашниот повик за испраќање приказни од животот низ очи на различни професии (тука) добивме една од бивш банкар. Таа е повеќе авторефлексивна отколку што зборува за карактерот на луѓето кои се вмешани во неа, но сепак е една горчлива вистина за нашата реалност. Не мора да го гледате „99 куќи“ за тоа како заради невратени кредити се одзема имот во Америка. Оваа сторија е поблиску до дома. 

Зошто биле уништени мемоарите на Бајрон?

Животот на големиот поет е исполнет со мистерии, кои можеби ќе беа расчистени доколку беше сочувана неговата автобиографија. Но трojца негови најблиски пријатели одлучиле да ја уништат. Зошто?

Слики од животот низ очите на различни професии

Позната е изреката дека животот често знае да ја надмине фикцијата, нудејќи приказни кои не би можел да ги замисли ни ум од калибарот на еден Бароуз или Хантер Томпсон. Каде може да се најдат такви стории? Позборувајте со човек што „работи со луѓе". А ако токму вие сте еден од нив, ова е можност да ги споделите вашите.

Зошто патуваме?

Tекст на Сомерсет Мом, британски писател, еден од најдобро платените автори во 1930-тите. Неговите полухедонистички-полуетнографски мотиви за патувања ни се блиски, а притоа не мислиме на одмор преку агенција на Халкидики. Иако, зошто да не? И таму, пишувајќи на колена во некој чамец, можете да водите белешки за необичните луѓе кои сте ги сретнале, а кои не се вклопуваат во ниту еден вам познат тип. 

Ќе се снима филм за суфи поетот Руми, а него ќе го игра белец од Холивуд

Дејвид Франзони, авторот на сценариото за „Гладијатор" со Расел Кроу, и продуцентот Стивен Џоел Браун, изјавиле дека сакаат да го деконструираат стереотипното портретирање на исламските карактери во западната кинематографија. Како? Со тоа што Руми во нивниот иден проект ќе го игра - та-нааа - Леонардо ди Каприо!