Bookbox

Ако мислите дека дворските интриги и борбите за власт се резервирани само за луѓето, грешите. Кај голите слепи кучиња, смената на „кралицата“ обично личи на вистинска војна за престолот. Но една колонија решила да го прескокне хаосот и да направи нешто што луѓето ретко го постигнуваат: мирна транзиција на власт.

Војната во Иран и затворањето на Ормускиот теснец го нарушија глобалниот синџир на снабдување со нафта и гас, што директно влијае врз бројни индустрии – од производство на ѓубрива до пластика и алуминиум. Еден помалку очигледен, но многу важен ресурс што се најде во фокусот е хелиумот.

На 98 почина Дезмонд Морис, авторот на бестселерот „Голиот мајмун“

Зоолог, писател, уметник и ТВ водител, Дезмонд Морис при крајот на 1960-тите стана еден од првите бестселер автори на научно-популарна литература во која ги застапуваше своите социо-биолошки теории. Накратко - дека луѓето и не се толку различни од мајмуните, освен во влакнестоста.  

„Злобниот близнак“ на плацебото - подемот на ноцебо ефектот

Негативните очекувања можат да влијаат врз нашето здравје повеќе отколку што мислиме, па дури и да се пренесуваат, како да се заразни, од други луѓе. Податоците покажуваат дека ефектот на тн. ноцебо е во пораст, главно поради прекумерното информирање кај „доктор Четџипити“.

Букбокс гледанка: „Враќањето“ (2024)

Филм на Уберто Пазолини - адаптација на митот за Одисеј, но само делот со враќањето. Иако ова фокусирање на финалето најпрвин делува како добра идеја, кастрењето на нарацијата за таа да личи на разрешување на модерна брачна криза - без богови и киклопи - всушност се покажува како голема утка, дури и со прекрасните Ралф Фајнс и Жилиет Бинош во кадарот.

Данок, ама не за неженети туку за - незаљубени!

Денес често се зборува за тешкотиите на наоѓањето љубов, за предизвиците на љубовните врски и бракови, за невозвратените чувства. Но истите овие теми ги обработувале и старите Грци и Римјани – и многу од нивните размислувања сè уште звучат актуелно.

Илузијата на сандакот: гледате кругови или правоаголници? 

Се сеќавате на онаа слика на која некои гледаа црн а други син фустан, па не си веруваа едни на други дека го гледаат спротивното? Таа се базираше на тоа како мозокот ја интерпретира светлината. Една друга илузија прави да гледате кругови или правоаголници, наводно базирано на тоа од каде сте.

А што ако тоа е тоа?

Митологијата на пропуштеното претпоставува дека некаде постои „правилна“ верзија на животот — паралелен тек во кој направивме подобри избори, стекнавме подлабоки искуства, тргнавме по „оптималниот“ пат низ лавиринтот од можности. Тоа е магиско размислување преправено во амбиција. Тоа е верување дека животот е тест со точни одговори.

Супер-анархист, а не супер-херој: Супермен на почетокот бил „насилен социјалист“

На 11 јули е најавена премиера на нов филм за суперхеројот на Ди-си комикс. Иако денес е познат како ултимативниот американски господин Најс Гај, во 1930-тите тој не почнал на тој начин. 

Од нашиот специјален известувач: „Гленгери“ на Бродвеј

„Ти си среќен човек“ - му велам на Илија, кога ми кажува дека ќе ја гледа претставата правена според култен филм, во која ни помалку ни повеќе играат Бил Бур, Киран Калкин, Боб Оденкирк. Точно да седат на сцена и да ќутат би било супер, а камоли да ни ја раскажат приказната за отровот на капитализмот, капнат на раната на средната класа, која сонува за живот по овој живот...таму некаде Гленгерово.  

Уметникот што здроби Тесла со огромна скулптура

Скулпторот Чавис Мармол нема автомобил, туку се движи со велосипед. Но тоа не го спречило во неговиот уметнички порив - да спушти реплика од девет тони од глава изработена по урнек на древните Олмечки статуи врз кров на Тесла. Сатиричен и ангажиран перформанс што стана хит на социјалните мрежи. 

Медалите на пријателството

Необична и инспиративна приказна за двајца јапонски спортисти, кои во далечната 1936, на Олимписките игри во Берлин, имале идентичен резултат во скок со стап. Организаторите не им дозволиле да го делат второто и третото место. Кога се вратиле дома, ги стопиле медалите и самите си ги поделиле.

Имате ли „книжевен дечко“?

Совршениот маж постои - барем на страниците на книгите. Тој е таканаречен „книжевен дечко“, лик во кој читателките се „зацопуваат“ иако знаат дека е фиктивен. Овој феномен постои со векови, но денес добива нова димензија, особено на социјалните мрежи.

Букбокс гледаше: „Монахот и пушката“ (Бутан, 2024)

Сатиричен филм за преминот на Бутан од кралство во парламентарна демократија, процес започнат во 2006 - некои сцени во кои „јатаци“ на западните организации во бели џипови се обидуваат да ги „цивилизираат“ локалците ќе ви се видат необично познати. 

Штикли, кал и жуљеви: кратка историја на чевлите

Чевлите се единствен облековен предмет што се обликува според телото. Кожата како материјал станува „втора кожа“, се прилагодува на стапалото и начинот на одење. Носените чевли откриваат информации за сопственикот: начинот на движење, здравствена состојба, социјална положба. Историчарите ги користат како примарен извор – ниту еден друг предмет не го „содржи“ телото на својот носител на таков начин.

Сте чуле за ирските хипхопери Никеп? Би требало. 

Дали уметноста треба да биде политичка - ова е жешка тема деновиве по концертот на Масив Атак во Скопје, кој беше полн со такви пораки поврзани со војните во Украина и Газа. Таа мора да биде таква, вели бенд од Ирска, кој успеа низ рап супкултурата да ја поддржи борбата за заштита на ирскиот јазик и идентитет.

Политичарите оглупуваат на жешко

Насловот и воопшто истражувањето за коешто станува збор може да се толкува на најмалку два начина. Првиот - политичарите се генерално паметни, ама кога температурите растат стануваат мрзи па се изразуваат попросто. Вториот - политичарите се генерално глупи, а во жешки денови дополнително затупуваат.

Букбокс гледаше: „Лекцијата“ (2023)

Разочарувањето од филм е многу поголемо ако тој има одлични предуслови да биде добар - приказна, актерска екипа, локација - а не е. Тогаш е тешко и да се покаже со прст каде е промашено, ама чувството е такво. Како со овој филм.

Филмско деби на Кејт Буш со антивоен анимиран филм

Британската музичарка изненади со својот нов проект – краток анимиран филм насловен „Мала ријачка“ (Little Shrew). Напишан и режиран од самата Буш, филмот ја опишува судбината на децата во војната во Украина и војните воопшто. Симболично, тој ќе се прикажува во кината пред германска долгометражна драма за отпорот во текот на Втората светска војна, „Од Хилде, со љубов“.

Откриени до сега непознати дела на Ерик Сати

Еден век по смртта на ексцентричниот и иновативен француски композитор, јавноста ќе има можност да слушне 27 негови досега непознати дела. Станува збор за разновидни композиции, од разиграни кабаре песни до минималистички ноктурна.

Анксиозноста на паузите во разговорот

Нашите разговори се водат според непишани правила кои ги прават предвидливи. Кога некој ги прекрши овие правила – без разлика дали нè прекинува, стои премногу блиску или молчи предолго – тоа може да биде вознемирувачко. Се прашуваме што друго би можеле да направи и се чувствуваме загрозени.

Трагикомичната генијалност на Марџ Симпсон (RIP)

„Шок и неверување“ - ваква вест осамна денес на светските и на македонските портали, а се однесува на тоа што во финалето на 36-тата сезона од „Симпсонови“ се открива дека мајката со сина и висока фризура починала. Има тука и погреб, и сцена во која Марџ ги гледа своите раскарани деца од небото, и мистериозно појавување (таму, на небото) на Ринго Стар. Добар повод да се анализира нејзиниот лик и неговото значење за култната серија. 

Изобилство имаме - ама од што?

Нова книга која е веќе прогласена за една од најзначајните во 2025-та, објаснува дека денешните (изобилни) проблеми не се резултат на „злобниците“ од минатото. Просто, обидот за регулирање на нештата на една генерација, која сака да ја земе предвид секоја можна штета на секој можен засегнат, станува проблем за следната.

На врв на игла: еротски микрофотографии од 19 век

Во 1853, Џон Бенџамин Денсер постигнал нешто што до тогаш изгледало невозможно, смалил фотографија до големина на врв на наострен молив. Ова влијаело на развој на фотографии во две (барем навидум) не многу поврзани области - еротика и воена комуникација.

По 90 години новооткриен роман од еден од најзначајните аналитичари на нацизмот стана бестселер

До сега непознат роман од еден од највлијателните повоени европски новинари, кој го доловува возбудливиот, но кревок дух на последните денови на Вајмарската Република, е објавен во Германија откако неговите деца го пронашле рачно напишаниот текст во неговата работна маса.

Шнола за шешир - убиственото средство за женска самоодбрана

До 1909 година, шнолата за капа се сметала за меѓународна закана, при што полициските началници во Хамбург и Париз разгледувале мерки за регулирање на нивната должина. Истото се случувало и во САД, каде на жените им било дозволено да носат „моркови и петли“ на главите, но не и толку опасно оружје како украсна игла. 

Бустрофедон или пишување како орање со волови

Замислете си дека пишувате, но наместо секој ред да го почнувате од истата страна, наизменично да ги менувате насоките. Еден ред оди од лево кон десно, следниот од десно кон лево, па пак обратно. А кога пишувате наназад, буквите изгледаат превртени, како во огледало. Ова било древен начин на запишување, кој барем за тие писари и читатели бил поефикасен.

Во одбрана на „блесава“ наука

Ако од уметниците се очекува да експериментираат со четки, а од музичарите со инструменти, тогаш и научниците мора да имаат „простор за игра и креативност“. Ова е главната порака на нова забавна и поучна книга која нè води низ чудните и љубопитни умови што се осмелиле да прашаат „зошто?“.

Букбокс читанка: „Уметноста на измислување јазик“ од Дејвид Џ. Питерсон

„'Умтнст на из-мислу(ањ)е ј@з!“ - вака отприлика пишуваше на корицата на книга поставена за продажба на базарот за предмети „од втора рака“ на кој бев неодамна. Поднасловот уште поинтересен - „Зборовите зад градењето светови“. Отидов за да си купам бижутерија или летно парталче, се вратив (пак) со книга која, иако зборува за фантазија, е длабоко вкоренета во реалниот систем на функционирање на секој јазик.