76-тото издание на Берлинскиот филмски фестивал се отвори вчера, 12-ти февруари и ќе трае до 22-ри февруари.
Главна конкуренција
Куртулуш (Kurtuluş / Salvation)
Новиот филм на турскиот режисер Емин Алпер ја истражува тензијата меѓу традицијата и државната моќ.
Дао (Dao)
Француско-сенегалскиот режисер Ален Гомис поврзува приказни од Франција и Гвинеја-Бисао, отворајќи постколонијални прашања.
Кастрење на розова грмушка (Rosebush Pruning)
Карим Аинуѕ, бразилско-алжирски режисер со берлинска адреса, снима во Шпанија со претежно американска актерска екипа, во уште еден стилски изненадувачки проект.
Најосамениот човек во градот (The Loneliest Man in Town)
Австриското дуо Тица Кови и Рајнер Фримел раскажуваат за стар блуз-музичар кој го чека својот крај – сè додека животот не му отвори нова можност.
Специјална селекција
Крвавата грофица (The Blood Countess)
Режисерката Улрике Отингер ѝ пристапува со иронија на легендата за грофицата Батори. Изабел Ипер и Биргит Минихмајр патуваат низ австриската митологија во ексцентрична филмска авантура.
Заветот на Ен Ли (The Testament of Ann Lee)
Аманда Сајфрид игра млада религиозна водачка од 18 век која го основа движењето на Шејкерите - христијанска секта - во Америка.
Сахарин (Saccharine)
Екстремен боди-хорор филм во кој Мидори Френсис игра студентка по медицина што зема опасна пилула за слабеење. На невидено нè потсетува на „Супстанца“ со Деми Мур.
Нема веќе спиење (Monster Pabrik Rambut)
Индонезискиот режисер Едвин се враќа со жанровски филм за ужасот и отпорот на работното место.
Восок и злато (WAX & GOLD)
Документарец на виенската режисерка Рут Бекерман, снимен во хотел во Адис Абеба.
Перспективи
„17“ (17)
Дебитантскиот долгометражен филм на нашата Косара Митиќ ја следи приказната за седумнаесетгодишната Сара, која заминува на училишна екскурзија криејќи тајна за која никој не знае.
Филипинјана (Filipiñana)
Рафаел Мануел ја раскажува приказната за елитен клуб на Филипините и 17-годишна девојка што почнува да го преиспитува светот околу себе.
Хроники од опсадата (Chronicles from the Siege)
Абдала Алхатиб се навраќа на сириското востание и борбата за слобода.
Црвен хангар (Hangar Rojo)
Хулијан Пабло Салато се враќа на пресвртниот момент во Чиле во 1973 година и режимот на Пиноче.
Каде понатаму? (Where To?)
Асаф Махнес раскажува берлинска ноќна приказна за палестински таксист и негов редовен патник од Израел.
Панорама
Ќерка од Шангај (Shanghai Daughter)
Приказна за жена од Шангај што патува во регион каде производството на гума е клучна економска гранка.
Лондон (London)
Себастијан Брамесхубер следи човек што патува меѓу Виена и Салцбург, собирајќи патници и разговори.
Државна безбедност (Staatsschutz)
Чен Емили Јан игра обвинителка што се обидува да го разобличи расизмот во германскиот правосуден систем.
Траги (Traces)
Алиса Коваленко и Марија Никитјук ја истражуваат улогата на жените зад фронтот во Украина.
Генерација
Четири девојки (Quatro Meninas / Four Girls)
Карен Сузане раскажува приказна од 19 век во Бразил, каде четири слугинки се обидуваат да побегнат од своите господарки.
Како змеј (Feito Pipa)
Младиот Гугу сонува да стане фудбалер, но мора да се грижи за својата баба.
Училиште на духови (Ghost School)
Десетгодишната Рабија истражува зошто нејзиното училиште се затвора, откривајќи пошироки општествени проблеми во Пакистан.
Светлата паѓаат (The Lights, They Fall)
Саша Вајда раскажува приказна за 16-годишник во берлинската периферија што се соочува со лична загуба.
Форум
Ајнар Шлеф – Не најдов Германија (Einar Schleef – I Found No Germany)
Сандра Прехтел создава портрет на контроверзниот германски театарски автор Ајнар Шлеф.
Љубовници (Liebhaberinnen)
Филмска адаптација на романот од Елфриде Јелинек.
Црни лавови – Римски волци (Black Lions – Roman Wolves)
Хајле Герима го довршува својот долгогодишен проект за италијанската колонијална власт во Етиопија.
Хронос: Река на времето (Chronos: River of Time)
Фолкер Кеп патува низ Литванија, Молдавија и Украина во медитативен документарец.