Директорот на туристичкото биро Широки Брег во чиј состав влегува и селото Кочерин, Грго Микулиќ, инаку книжевник, резбар, етнолог и љубител на старини, досега во камен изрезбал 12 кирилични букви, а има намера да направи уште 15, и сите да ги осветли така за секој патник-намерник да може да ги види.
Општината која се наоѓа воБосна и Херцеговина е со доминантно хрватско население, а единствениот позначаен споменик од историјата е тн. „Кочеринска плоча", надгробен споменик на извесен благородник Вигњо Милошевиќ, на која е испишана кратка историја на босанските владетели од 14. и почетокот на 15. век.
Микулиќ се сетил дека ова „старо хрватско писмо" е всушност кирилица и дека е време неправдата направена за време на Југославија кога ова писмо некако му се „доделило" на српскиот народ и на тој начин кај Хрватите се создал анимозитет кон него, и покрај тоа што заедно со латиницата и глаголицата под назив „аварска" и кирилицата се користела во Хрватска.
И Хрватската академија на науките и уметностите очигледно е на линија со Грго, бидејќи таа неодамна организирала научен собир на тема „Хрватското кирилично наследство". Сега истото се резба во квалитетен херцеговски камен. Проектот е на Здружениот „Стечак", а финансирањето го помогнало Владата на Хрватска, Владата на Федерацијата на БиХ и Западнохерцеговската жупанија.
Српските лингвисти веднаш се кренаа на нозе и истакнаа дека ова е типично „хрватско шминкање на минатото", и дека Хрватите дури во 2012. се сетиле на „нивното" кирилично писмо заради тоа што во ЕУ сакаат да имаат првенство над јазикот и писмата од Балканот.
Засега, фала богу, на Македонците никој ништо не им спори. Барем од запад кирилицата ни е раат.