Архива

Човекот кој продолжува да пушта филмови во кино што затворило пред повеќе од половина век

Од 1950-тите, кога поседувањето телевизор од луксуз постепено стана вообичаена работа, кино салите функционираат под постојана закана на нерентабилност. Особено оние помалите, вон светските синџири кои ги прикажуваат најновите филмски хитови. Еден јапонски ентузијаст одржува во живот кино сала и 58 години по нејзиното официјално затворање.

Туку го видовте ли евроголот на Гризман?

Атлетико Мадрид го искали сиот бес од неефикасноста сезонава над Севиља. Тимот од главниот град на Шпанија со 6-1 ги демолираше гостите од Андалузија и го сочуваа третото место на табела зад Барселона и Реал Мадрид. Сезонава Атлетико немал ваков меч. По два гола дадоа Депај и Мората, а по еден Караско и Гризман.

Би-би-си е еден од заговорниците во кампањата за преплашување на Британија

Не се работеше за наука, туку за политика. И тоа беше очигледно во моментот кога владата почна да зборува за следење на науката како тоа да е непомерливо тело на вистината. Никој што се разбира во наука не би можел да каже такво нешто освен ако не е дел од кампања со цел за намерно лажење на јавноста.

Алкохолот те тера на поштење

Стариот се има направено дрво, цајканот го фаќа во таква состојба и ваљда му вика да не мрда, додека тој отиде по дрегерот. Ова дрвово некако проценува дека сега е моментот за да се здаде в спектакуларно бегство и тргнува со трчање. Но, за среќа, во него е алкохолот кој го враќа на правиот пат.

Ени и ефектот на пеперутката

Во 19 век, млада Французинка си го одзема животот фрлајќи се во реката Сена. Откако телото ѝ било извлечено, оставена е во мртовечница за некој да ја препознае и идентификува. Никој не се појавил, но за вработениот во мртовечницата таа била толку убава што направил посмртна маска од нејзиното лице.

Хелиумот, најдобриот пријател на дилерот

Цајкан застанува возач на комбе кој го сомничи дека носи некаква дрога. Овој негира ама цајканот му вика, седи така, сега ќе го донесам службеното куче за да намириса. Не знаеме што точно помислил возачот ама требало загадочно да му каже: Птичар да не ти кучето?  

Некогашен фудбалер на Реал Мадрид, денес работи во магацин во Крагуевац за 400 евра

Некогашниот репрезентативец на Југославија кој беше член на селекцијата која на Светското првенство 1990-та стигна до четвртфинале па испадна на пенали од Аргентина на Марадона, Предраг Спасиќ има тешка животна судбина.

Што ќе значи губењето на Бахмут за Украина?

Снимки како украински војници го напуштаат Бахмут станаа пречести на интернет, а украинската војска веќе ги уништи и последните мостови во градот кои служеа за нејзино снабдување и траса за брз излез од таму. 

Комичен потег во НБА - Адетокумбо во последна секунда се сети на трипл-дабл

Милвоки Бакс го совлада Вашингтон Визардс со 117:111 на гости и го задржа лидерското место на Истокот. До 46-ти триумф во сезоната ги носеше Јанис Адетокумбо со 23 поени, 13 асистенции и 10 скока за негов четврти трипл-дабл сезонава. Интересно, до овој учинок стигна во последна секуна кога намерно промаши шут сам под кош, со цел да ја фати одбиената топка и тоа да му се води како скок или фатена топка.

Кои се најбрзо исклучени играчи во историјата на Серија А?

Чудната епизода со просечниот центарфор на Јувентус Моизе Кин кој само што стапна на терен на стадионот „Олимпико“ во дербито со Рома, после 40 секунди доби црвен картон затоа што му удри клоца на стоперот Џанлука Манчини, не е ни прва ни последна.

Како е можно некој да мисли дека победил во Маринка?

Маринка е едно гратче во близина на Доњецк со некои си 9.000 жители кое веќе е сосема неважно под чија контрола е бидејќи изгледа како сметкопотврда за сите оние новински извештаи дека на украинскиот фронт дневно се трошат по десетици илјади топовски гранати.

Шпиц на Јувентус влезе во игра и за 40 секунди доби црвен картон

Рома го совлада Јувентус со 1:0 во големото дерби на италијанската Серија А и ја прекина серијата од 4 победи по ред на бјанконерите. Навивачите на Јувентус од самиот пораз повеќе ги изнервира реакцијата на нивниот резервен центарфор Моизе Кин кој влезе во игра во 89’ минута и за само 40 секунди доби директен црвен картон откако буквално му удри клоца Манчини.

Калифорнија ја фати снег, ама снег

На планината Сан Бернандино во јужна Калифорнија цела минатата недела паѓа снег, а слична е прогнозата и за оваа недела. Тамошните жители и туристи веќе апелираат за помош, некој да им однесе храна и вода или барем да ги извади од таму. Пред само една недела, на крајот на февруари, 85% од Калифорнија беше во суша.

Клоп збесна во еден момент кога навивач упадна во терен

Петти март 2023-та година ќе го паметат уште многу долго навивачите на Ливерпул, но и оние на Манчестер Јунајтед. Гостите од „Олд Трафорд“ го претпреа најтешкиот пораз во последните 92 години! Ливерпул ги прегази со 7:0 и оствари историски триумф. При прослава на еден од головите, прекрасната вечер на Енфилд Роуд можеше да ја расипе еден глупчо кој влета во терен и при судир со редарите закачил двајца играчи на Ливерпул кои се пожалија на повреди.

Еврогол на вечерта - мајсторија со ножички

Брага игра одлична сезона во португалската Примеира, има 17 победи, 1 нерешена и 5 порази и со гол разлика 50:22 освои 52 поени после 23 кола. Интересно Брага е трета со само два бода зад Порто на местото кое води во Лига на шампиони и 10 бода зад лидерот Бенфика. Синоќа Брага со 2-0 го совлада Рио Аве а вториот гол на мечот, дело на Симон Банѕа во 79-та минута беше ЧУДЕСИЈА.

7:0 на Енфилд Роуд - најтешкиот пораз на Манчестер Јунајтед во 92 години

Фудбалерите на Ливерпул го истурија целиот бес од слабите резултати сезонава над најголемиот ривал и тоа со најубедлива победа во историјата на меѓусебните средби и еден од  највисоките триумфи во историјата на англискиот фудбал воопшто.

Вукојебина

Еј, Т.
Од обезбедување и информирање при градба имаме:
- Тоифор на тротоар,
- Машина за кафе.
Ова е пред главниот влез на Корчагин. Не ми текнува ништо попаметно да напишам.

Приказна за Оскар: вулканолозите што живееа и умреа заедно

Експлозивен документарец номиниран за овогодинешниот Оскар, за пар истражувачи поврзани преку нивната љубов кон вулканите, чија опсесија да бидат блиску до сè што татни, блуе лава и чади ќе ги чини живот. 

Жени што треба да ги знаеме: Розалинд Френклин

Розалинд Френклин е научник чии податоци се од суштинска важност за откривање на ДНК-молекулот. Ја знаевте? Не.