Туку го видовте ли евроголот на Гризман?

Атлетико Мадрид го искали сиот бес од неефикасноста сезонава над Севиља. Тимот од главниот град на Шпанија со 6-1 ги демолираше гостите од Андалузија и го сочуваа третото место на табела зад Барселона и Реал Мадрид. Сезонава Атлетико немал ваков меч. По два гола дадоа Депај и Мората, а по еден Караско и Гризман.

Претходно Депај постигна два гола, од кои вториот му беше прекрасен:

Антоан Гризман на своето конто има 8 гола и 9 асистенции во Ла Лига и се наоѓа на само една асистенција до нов рекорд.

Диего Симеоне пред мечот Атлетико - Севиља доби признание и плакета за рекордот кој го постави - 613 натпревари на клупата на Атлетико Мадрид со што го надмина досегашниот рекорд кој го држеше Луис Арагонес.

6 март 2023 - 15:27