Клоп збесна во еден момент кога навивач упадна во терен

Петти март 2023-та година ќе го паметат уште многу долго навивачите на Ливерпул, но и оние на Манчестер Јунајтед. Гостите од „Олд Трафорд“ го претпреа најтешкиот пораз во последните 92 години! Ливерпул ги прегази со 7:0 и оствари историски триумф. При прослава на еден од головите, прекрасната вечер на Енфилд Роуд можеше да ја расипе еден глупчо кој влета во терен и при судир со редарите закачил двајца играчи на Ливерпул кои се пожалија на повреди.

 

6 март 2023 - 09:28