Комичен потег во НБА - Адетокумбо во последна секунда се сети на трипл-дабл
Милвоки Бакс го совлада Вашингтон Визардс со 117:111 на гости и го задржа лидерското место на Истокот. До 46-ти триумф во сезоната ги носеше Јанис Адетокумбо со 23 поени, 13 асистенции и 10 скока за негов четврти трипл-дабл сезонава. Интересно, до овој учинок стигна во последна секуна кога намерно промаши шут сам под кош, со цел да ја фати одбиената топка и тоа да му се води како скок или фатена топка.
„Размислував дали да постигнам кош, но почуствував дека во такци моменти најдобро е да се сочува топката. Но се трудам да играм паметно и на некој начин „украдов“ еден скок“, рекол Адетокумбо после средбата.