Еврогол на вечерта - мајсторија со ножички

Брага игра одлична сезона во португалската Примеира, има 17 победи, 1 нерешена и 5 порази и со гол разлика 50:22 освои 52 поени после 23 кола. Интересно Брага е трета со само два бода зад Порто на местото кое води во Лига на шампиони и 10 бода зад лидерот Бенфика. Синоќа Брага со 2-0 го совлада Рио Аве а вториот гол на мечот, дело на Симон Банѕа во 79-та минута беше ЧУДЕСИЈА.

6 март 2023 - 09:10