Кои се најбрзо исклучени играчи во историјата на Серија А?

Чудната епизода со просечниот центарфор на Јувентус Моизе Кин кој само што стапна на терен на стадионот „Олимпико“ во дербито со Рома, после 40 секунди доби црвен картон затоа што му удри клоца на стоперот Џанлука Манчини, не е ни прва ни последна.

Оваа безумност на повремениот италијански репрезентативец е само една од многуте епизоди на брзо исклучени „поцрвенети“ играчи во Италија.

Кин е на високо трето место, а на листата има и некои познати фудбалери.

НАЈБРЗИ ЦРВЕНИ КАРТОН ВО ИСТОРИЈАТА НА ИТАЛИЈАНСКА СЕРИЈА А

1. Џузепе Лоренцо од Болоња, на 6 декември 1990-та година добил црвен картон на меч со Парма после само 10 секунди!

2. Џулиано Миљачо како играч на Аталанта бил исклучен после само 32 секунди на 6 декември 2015-та година на дуелот со Палермо.

3. Моизе Кин од Јувентус на дербито со Рома доби директен црвен картон само 40 секунди откако влезе од клупата за резерви, на 5 март 2023-та година.

4. Матија Де Шиљо кога беше член на Милан постави клупски рекорд и влезе на „вечната“ листа најбрзо исклучени фудбалери откако доби црвен картон на мечот со Наполи после само 42 секунди на 3 мај 2015-та година.

5. Доменико Берарди од Сасуоло, после само 48 секунди на теренот добил црвен акртон на 2 март 2014-та на мечот со Парма

6. Луис Оливеира како фудбалер на Каљари на 12 декември 2019-та година на средба со Реџина морал да оди на туширање после само 50 секунди на терен.

Шпиц на Јувентус влезе во игра и за 40 секунди доби црвен картон

6 март 2023 - 10:26