Архива

Џејмс Бонд, Македонија и УНЕСКО

Србија го повлече комплетниот дипломатски персонал од Скопје. Во моментот кога го пишувам ова, јавноста не знае зошто тоа се случило, пишува Љубиша Ивановиќ во својот текст за Недељник.

Најјакиот хит во англискиот фудбал сезонава

Навивачите на Вест Хем имаат нов идол во Мексиканецот Хавиер Ернандез - Чичарито па му посветија една песна преработена од хитот Ла Бамба.

Арапите за 6 години потрошиле 2 милијарди евра за трансфери

И тоа Арапите кои се газди само на Манчестер Сити и ПСЖ, клубовите со најголеми вложувања за нови играчи од 2011-та до денес. 750-те милиони на Јуве се исплатливи бидејќи последниве 6 години освоија 12 трофеи, но Рома, Интер и Ливерпул на пример не можат да се пофалат со некои успеси во тој период.

Фенербахче испаѓа редовно кога губи прв меч

Пред мечот против турскиот гигант, на Вардар во прилог му одат неколку нешта меѓу кои и тоа дека во последните 19 години Фенербахче дури 27 пати испаднал кога го изгубил првиот меч во квалификациите за евро-куповите.

25 години од првиот фудбалски меч во самостојна Македонија

Денешниот датум 23-ти август важи за историски ден во македонскиот фудбал бидејќи беа удрени темелите во првата македонска лига и тоа веднаш со дерби. Победа во Прилеп го пречека Вардар кој предводен од Ѓоко Хаџиевски не успеа да ја оправда фаворитската улога.

Погрешно сипате пиво, па тоа ти е

Оние кои ставаат без пена од прва се дисквалификувани (бидејќи пиво без пена е блуткаво ко граѓански активист без вмровска влада). Ама, повеќето сипувачи се оние на кои најглавно им е пивото да не се одгазира. А ако не се одгазира во чаша, ќе го стори тоа сепак, само во вашиот стомак. И после ве дуело, па нормално. Наравоучение: допуштете му фино да се издиши и гргајте.

Нема одолевање на Деспасито

Единствен грев на девојчево е што не му држи инаетот па да глуми како тебе дека не ти се шизи на Деспасито. Сè друго околу девојчево е спектакуларно.

Кој во ваше друштво е Касандра?

Отсекогаш постоеле луѓе кои верувале во некоја скорешна апокалипса. Од друга страна, постои теоретска можност Исус еден ден да се врати на Земјата, за идентификација да ни покаже некој од старите добри трикови (на пример, одењето по вода), а ние, веќе изморени од оние првине, лаконски да му дофрлиме дека Дејвид Блејн боље ја прави таа финта.

Вестите како зависност за возрасни

ФОМО (страв од пропуштање / fear of missing out) е кратенката што без да трепнеме им ја налепивме на тинејџерите и приближно младите, затоа што се неспособни да остават тоа смартфонот и да престанат да проверуваат што прават другите по Инстаграм и Фејсбук. Сега ФОМО тропна на врата и кај овие разумниве и способни генерации.

„Први сме за помош ако ОВК повика“

Газета Дело Спорт објави многу контроверзно интервју со членови на навивачката група на Шкендија кои отворено зборуваат против Македонија и Македонците. Просто, тие луѓе се горди на својата омраза. И веруваат дека Вардарци не можат да спијат од СТРАВ кога ќе слушнат за нивното име. Бре, бре.

10 ствари што треба да ги фрлите од плакар

Ова е снимено нешто пред Нова година (2016), што не значи дека баш во моментов нема да ве инспирира да влезете со багер во плакар. Не значи ни дека сè што ќе каже Карли Кристман не ви е познато, ама нема штета во потсетување, со оглед на тоа што од плакар секогаш има нешто за фрлање, нели?

Излегоа есенските колекции и многу е возбудливо

Во Скопје заладува и моментално малку работи на светов можат да се споредат со тоа јако чувство. Одма некако ти доаѓа да мислиш на пофини работи, одма МОЖЕШ да излезеш од дома, се е некако порелаксирано, плус свеста дозволува да помислиш на нова гардероба што не е гаќи и маица, затоа што друго и не може да се истрпи во јули и пола август.

Наполни 35 години па ќе збориме дали не си ја мразиш работата

По почетната неколкугодишна еуфорија дека си вработен и дека имаш плата а не џепарац, може да те стрефат две реалности: или нервоза и стрес од одговорноста на позицијата што си ја достигнал, или нервоза и разочарување дека не си достигнал никаква позиција. И сето ова некако кулминира на 35 години.

Сурфање со Сартр

Поп-културата го има претставено сурферот како анти-мудрец: некој кој ја отфрла идејата за длабоки вистини, и на кого му се потребни само добри бранови, даска и кул тен за да се чувствува добро во својата кожа. Но има и поинакви, анти-Бејвач ставови.

Бидна и најголемата трампа во НБА летово

Двете најсилни екипи од Источната Конференција ги разменија плејмејкерите (првиот и последниот избор од Драфтот 2011): Кајри Ирвинг оди во Бостон а Ајзеа Томас во Кливленд.

Хроника на една (не)најавена војна

Само сменете Америка и Канада со Србија и Македонија и многу работи во ова видео ќе добијат смисла.

Нешто и од братучед му на Хандановиќ

Марибор синоќа славеше 1:0 против Хапоел Бир Шева и со вкупни 2:2 оди во групна фаза во Лига на шампиони. Што ти значи да имаш старо аро на голманска позиција. На минута до крај 39 годишниот Јасмин Хандановиќ се фрли како пантер и го спаси својот тим од елиминација.

Сам себе си асистирал

Антонио Кандрева против Фиорентина направи потег кој сигурно ќе влезе во некоја фудбалска компилација со смешни ситуации. Никој не го прифати неговото додавања, па виде не виде си ја собра топката. Е не ќе ги моли.

Од вас куклите, ние курвите не можеме на ред да дојдеме

Време е да се апдејтираат некои изреки. Јавна куќа од Виена обелодени дека нивната хипер-реалистична секс кукла по популарност и нарачки од клиенти ги надминала сите други нивни - живи - трудбенички. А поскапа е. 

Во Данска полицајците ги реметат свирачите

Полициска патрола во Данска застанале до еден уличен свирач. слушнале како тој звучи и го пратиле дома - да вежба.