
А кога Топшоп (гардероба, не тоа со рекламите) ќе ја покаже својата есенска визија пред светот, ред е да погледнеме.
Оваа година владее едно расположение како за возрасни (за пораснати, не порно), едни опуштени парчиња и комбинации, а сепак со доза на елеганција. Се мешаат стилови и комбинации (строго со опуштено), плиш и цвеќиња со лажно крзно, ладни бои и карирано. Сезонава што доаѓа се спрема да биде поелегантна од претходната, изгледа.
Тоа што е чудно е дека во каталогот нема ниедна патика. Во Топшоп мислат дека рамна црна чизма со дебел ѓон е попаметен избор за есенва. Не дека се жалам.














Иначе, од чизмиве - чао спиење, затоа што се љубов на прв поглед, а Топшоп нема во Македонија. Ред е да видам Визер што вика...
