Победа - Вардар 1:1

25 години од првиот фудбалски меч во самостојна Македонија

Денешниот датум 23-ти август важи за историски ден во македонскиот фудбал бидејќи беа удрени темелите во првата македонска лига и тоа веднаш со дерби. Победа во Прилеп го пречека Вардар кој предводен од Ѓоко Хаџиевски не успеа да ја оправда фаворитската улога.

За моќта на Вардар во тоа време најдобар доказ е конечната табела во првата сезона од македонското фудбалско првенство која почна на 23 август 1992-ра, а заврши на 13 јуни 1993-та.
 
Црвено - црните ја завршија сезоната без пораз, со фантастични 27 победи и 7 нерешени и маестрална гол разлика од 119:16 или дадени 3,5 гола по натпревар. Стрелец број 1 Саша Ќириќ со 36 гола (Роналдо во првата сезона во Барса 1996/1997 постигна 34). Стрелец број 2 Зоран Бошковски Чоко со 29 погодоци за Силекс.
 
Во прво коло Вардарци на гостувањето во Прилеп го одиграа едно од тие седум ремија. Добро е што постои снимка од тој историски натпревар за да можеме да ви го доловиме подобро.
 
Се работи за најинтересните моменти од мечот, како и изјави. Ова видео парче личи дека одело во тв емисија, бидејќи во позадина од време на време се слуша коментатор. Знаете кој е? По гласот личи дека е Миленко Неделковски.
 
Видеото трае 14 минути, ама вреди да се изгледа цело, сепак е историја.
 
Ако сакате извадоци еве нам што ни падна во очи:
 
1:30 - Чкембари во Прилеп за да ја поддржат Победа.
2:16 - Голот на Наумовски за 1:0.
3:10 - 1:1, стрелец Тодоровски.
3:48 - Во кадар заменик министерот за образование и физичка култура.
4:29 - Атмосфера на клупите.
5:37 - „Можеше да замижиш“, му вели еден цар меѓу тренерите на судијата.
6:10 - Изјави на тренерите.
7:52 - (ЗАДОЛЖИТЕЛНО) На ликот облечен цел во жолто чичкото му прави уши.
9:57 - Шорцот на тој лево.

Да зачиниме малку и со слики од Вардар и Победа од таа и другите сезони најблиску до дебитантската во мак фудбалот.

Вардар истата сезона како победник и во Купот

Од лево на десно:
Стојат: Гајур Садики, Мирко Спасески, Влатко Костов, Зоран Јовановски, Антонио Филевски, Љупчо Марковски.
Клечат: Љупчо Наумовски, Сашо Тодоровски, Жанко Савов, Саша Ќириќ, Сашо Милошевски

Фотографија по финалето

Вардар 1991/1992

Стручниот штаб на Вардар 1990/1991

Помошник тренер: Ванчо Трпевски, шеф на стручен штаб: Ѓоко Хаџиевски, тренер: Васил Рингов, физиотерапевт: Бранислав Белевски.

Саша Ќириќ и Горан Петрески

Вардар 1991

Победа 1991

Томе Георгиев, Жарко Адамчески, Александар Јошески, Денис Трајкоски, Јован Иванов, Тоде Тодороски, Зоран Мицевски, Ѓоко Илиевски, Благојче Ѓорѓиоски, Јанко Николоски, Благоја Милески, Гордан Наумоски, Благоја Смоквоски, Дарко Крстески, Божо Милошоски, Милан Петрески, Тони Наумоски, Гоце Маркоски, Петар Митрев, Благоја Филипоски, Марјан Стојкоски.

Победа 1992

Победа 1994

Победа 1995

Тренер: Кирил Дојчиновски, Канатларовски, Николоски, Наумоски, Седлоски, Караџов, Крстески, Груески, Петровиќ, Митрикески, Крстев, Станкоски, Грозданов, Маркоски, Иванов, Здравевски.

Милан Тодоровски, поранешен играч на Победа и Вардар 

23 август 2017 - 15:03