Таг: фк победа

17 годишно дете на Победа даде гол со ножички

Победа предводена од поранешниот голман на Македонија, Јане Николоски, успеа со тим полн со тинејџери да обезбеди опстанок во втора лига. Го добија Куманово со 2:1, а трибините ги запали 17 годишниот Димитар Шаркоски кој изведе акробација.

Стадионот во Прилеп е лудило, Вембли нема ваков тревник

Кој и да е во право во тие вечни македонски институционални преписки, тука сигурно некој мора да е и во криво, нели? Или ај да бидеме конректни со прашањето. Кој е царот над царевите кој на ФК Победа и направи ваков терен? Ама одма да се пријави сам.

Како најдобро да се искористи шумeстиот стадион на Победа

Со оглед на тоа што Амазон си иба мајката, а тоа донесе огромна загриженост бидејќи планетата загуби важен прочистувач на воздухот, редно време е Прилепчани да се откажат од домашен фудбал за доброто на светот. Пошто и онака го немаат.

Загубената спортска традиција на Победа

Го носи епитетот „најфудбалски град во Македонија“, има двократен шампион кој има нагостено екипа и од Серија А, ама со македонскиот синдром на самоуништување тешко се добиваат битки. 

Една бедна фотографија од мак фудбалот

Кога кај нас за стадион ќе се каже „Планот е да се реновира“, едно 5-10 години се вергла тој план чисто како муабет и на крај прашање е и дали стварно ќе се реновира. ФК Победа лани направи кам бек во прва лига, ама играше кај ќе стигне, само дома не.

25 години од првиот фудбалски меч во самостојна Македонија

Денешниот датум 23-ти август важи за историски ден во македонскиот фудбал бидејќи беа удрени темелите во првата македонска лига и тоа веднаш со дерби. Победа во Прилеп го пречека Вардар кој предводен од Ѓоко Хаџиевски не успеа да ја оправда фаворитската улога.

20 години од првиот европски триумф на Победа

Навивач на ФК Победа од Прилеп нѝ испрати легендарно видео парче од 30 јули, 1997-ма. Се работи за првиот триумф на Победа остварен на меѓународна сцена или на вчерашен ден јубилен од 20 години. По поразот од 3:0 во Полска, Победа против Одра славеше 2:1 во претквалификациите од тогашниот Куп на УЕФА, недоволни за пласман во следното коло. Двоен стрелец беше Бразилецот Оливеира, кој потоа ги облече дресовите и на Работнички, Вардар и Шкендија и кој почина на 30 години во 2006-та.

Македонски синдром на самоуништување

Го носи епитетот најфудбалскиот град во Македонија, има двократен шампион кој има нагостено екипа и од Серија А, а на стадионот не знае човек дали некој сади бостан или одгледува тутун. Ама ќе се реконструирал, епа нека се реконструира де, зошто е како росна ливада?

Прва лига со Чкембари и Мајмуни

Ако некој фали во прволигашкото фудбалско друштво тоа се Пелистер и Победа, екипи од два фудбалски града со традиција кои не ги личи да играат во пониските рангови. Битолчани се враќаат во елитата по пауза од една година, а Прилепчани по седум. Нивниот кам бек во елитата освен ривалството против Вардар, на сцена го враќа и пелагониското дерби.