Аустрија Клагенфурт која е дел од втората австриска лига донесе до сега невидена одлука во светот на фудбалот.
Се согласија да немаат домашни натпревари за да му помогнат на светот кој се бори со еден од најголемите проблеми на денешницата.
Клагенфурт нема да игра повеќе фудбал на својот стадион кој собира 32.000 публика, откако уметникот Клаус Литман засадил шума за да ја подигне свеста за климатските промени и уништувањето на шумите.
Можеби идејата за некого е нелогична, чудна или смешна, ама има доста потенцијал и кај нас. Па така на пример Кочанчани сметаат дека треба да се почне од стадионот на Победа Прилеп.
Таму страшната брзина со која се реновира стадионот, донесе ослободување на кислород со помош на мајка природа. Не им е потребен Клаус да сади.
Како бе не ви текна!!!
— GFK Osogovo (@gfkosogovo) September 7, 2019
.
FK. Pobeda of Prilep have agreed to play their home games at a different stadium, after artists from Republic of 🇲🇰 planted a forest at their ground to raise awareness for climate change and deforestation 👏 Too late @brfootball and klagenfurt! https://t.co/rNRCUGJQXw pic.twitter.com/dIU5YbSWX6