20 години од првиот европски триумф на Победа

Навивач на ФК Победа од Прилеп нѝ испрати легендарно видео парче од 30 јули, 1997-ма. Се работи за првиот триумф на Победа остварен на меѓународна сцена или на вчерашен ден јубилен од 20 години. По поразот од 3:0 во Полска, Победа против Одра славеше 2:1 во претквалификациите од тогашниот Куп на УЕФА, недоволни за пласман во следното коло. Двоен стрелец беше Бразилецот Оливеира, кој потоа ги облече дресовите и на Работнички, Вардар и Шкендија и кој почина на 30 години во 2006-та.

Пазете само како коментаторот се издиша на 0:15.

Средбата со Парма се одигра во 2000-та година.

31 јули 2017 - 16:23