На денешен ден пред точно 15 години, во првото коло од Купот на УЕФА, навивачите на Победа допатуваа во Скопје за да ги бодрат стартните 11 на Никола Илиевски, а тоа беа: Боби Тенев, Панче Ќумбев, Игор Николовски, Благојче Насев, Раде Каранфиловски, Жилсон, Николче Здравевски, Панче Ристерски, Тони Наумовски, Дарко Диниќ и Сашо Крстев, како и тројцата кои влегоа од клупа: Горанчо Тодоровски, Тони Мегленски и Влатко Стојчевски.
На Градски се соочија со далеку посилниот тим на Алберто Малезани кој во прв состав ги пушти: Џиџи Буфон, Луиџи Сартор, Жуниор, Фабио Канаваро, Лилиан Турам, Сабри Ламуши, Серџо Консеисао, Јоан Мику, Хорхе Болано, Саво Милошевиќ и Аморозо, а како резервни играчи влегоа Стефан Апија, Деиго Фузер и Марко Ди Вајо.
Снимка од овој меч кој заврши 2:0 за гостите, за разлика од дуелот Парма – Перуџа за жал не најдовме на Јутјуб, но кога се потсетивме кои фудбалски имиња гостуваа на Градски, ѕирнавме да видиме со што се бават сега.
Џиџи Буфон (37) – Брани за Јувентус од 2001 година, останатото во е познато.
Луиџи Сартор (40) – Кариерата ја заврши во Тернана во 2009 година, а во 2011 беше уапсен бидејќи беше дел од скандалот Калчоскомесе и доби 5 годишна забрана за играње фудбал.
Жуниор (42) – Во 2002 година стана Светски првак со Бразил, а од фудбалот се повлече во 2010 година како играч на бразилскиот тим Гоиас.
Фабио Канаваро (42) – По блескавата играчка кариера Канаваро на 5 ноември 2014-та беше назначен за нов тренер на четирикратниот кинески првак Гуангжоу каде го замени Марчело Липи, но на клупата седеше до јуни оваа година. Местото му го препушти на Луис Фелипе Сколари.
Лилиан Турам (43) – Последниот дрес кој го облече беше оној на Барселона во 2008-ма. Требаше да продолжи во ПСЖ, но тука застана поради проблеми со срцето. Репрезентативната кариера ја заврши со рекордни 142 настапи за Франција. Потоа влезе во политика.
Сабри Ламуши (43) – Тренер е во Катар, а претходно беше селектор на Брегот на Слоновата Коска.
Серџо Консенсиао (40) – Лани беше тренер на Брага, но сега е без агнажман.
Јоан Мику (42) – Се пензионираше во 2008 година како играч на Бордо.
Хорхе Болано (38) – Играше со Колумбија на СП 1998, а се пензионираше во Кукута Депортиво во 2012-та.
Саво Милошевиќ (42) – Се повлече во 2008-ма како играч на Рубин Казан, а сега е потпретседател на Фудбалскиот сојуз на Србија.
Аморозо (41) – После Парма играше за уште 8 клубови, меѓу кои Борусија Дортмунд и Милан, а се повлече од фудбалот во 2009-та година во бразилскиот клуб Гуарани.
Стефан Апија (34) – Од Парма направи трансфер во Јувентус, а се пензионираше во Војводина во 2012 година.
Диего Фузер (46) – Од 2010 година почна да работи како тренер во помали клубови.
Марко Ди Вајо (39) – Се пензионираше лани во Монтреал