На Јутјуб каналот на извесен Гоце Трајкоски се појави видео под кое и Скопјанец коментира дека Прилеп и Битола заслужуваат убави стадиони!.
Поентата е да се потсети која беше прилепска Победа, каде настапуваше, што освои, каква поддршка добиваше, а на какво дереџе им е сега стадионот кој никако да се реновира.
Во описот стои:
„Не би сакале ова видео да добие политичка нота, ниту да остави впечаток дека сме зазеле некаков политички став или политичка страна. Ние преку видеа сакаме да прикажеме некои општествени проблеми кои би требало да се решат или подобрат (овој пат станува збор за условите во спортот во Македонија).
За сценариото е виновен Гоце Ангелески, потпомогнат од Јосиф Трајкоски. Улогите ги толкуваа Гоце Ангелески, Јосиф Трајкоски и најмладиот потенцијален глумец Ангел Мошков.
За гласот во видеото сме му должни на Бобан Спиркоски. За техничкиот дел, камера и монтажа, се погрижив јас, Гоце Трајкоски“.
Вреди да се погледне ова видео со кое дечките се потрудиле на доста фин начин да испратат порака.