Ај што во 21 век уште кубуриме со спортска инфраструктура и немаме нормални терени и стадиони, абе саглам трева не знаеме да наместиме.
Стадион Гоце Делчев во Прилеп, август 2020. БЕДА. Нема тука изговори, јас вака, ти така. Некој ова го сработил вака, како што му дошло. Можеби не му се работело по вруќиниве па само го лепел од прилика и направил стадион од крпеници.
Токму на истиов стадион ФК Победа стана шампион на Македонија два пати, има пречекано екипи како Перуџа и Митјиланд, а натпревари има играно и македонската фудбалска репрезентација.
А бидејќи многу брзо дојде денот за да се почне со оваа генијална изработка, на Гоце Делчев неколку години шетаа крокодили.
Кој е крив? Општина Прилеп вели дека крива е ФФМ, а ФФМ вели дека крива е општина Прилеп.