Кој во ваше друштво е Касандра?

Отсекогаш постоеле луѓе кои верувале во некоја скорешна апокалипса. Од друга страна, постои теоретска можност Исус еден ден да се врати на Земјата, за идентификација да ни покаже некој од старите добри трикови (на пример, одењето по вода), а ние, веќе изморени од оние првине, лаконски да му дофрлиме дека Дејвид Блејн боље ја прави таа финта.

И пред катастрофата во Фукушима, ИСИС, мигрантските бранови и другите епски невољи кои го погодуваат светот, постоеја луѓе кои постојано предупредуваа дека нешто од такви димензии ќе се случи. Што прават таквите луѓе за да дојдат до такви идеи? Апсолутно ништо. Просто, такви се.

Тој тип карактери експертите го нарекува „Касандра“ што нè враќа не на шпанската серија која овде и во остатокот од чемерниот дел од светот донесе многу солзи, туку малку порано, во грчката митологија,

Во неа, Касандра е жена проколната од боговите со тоа што ќе може точно да ја предвиди иднината. Не звучи лошо додека не се знае вториот дел од клетвата: никој да не ѝ верува. Заради таквиот - рака на срце, боговски - заеб, Касандра на крај полудува.

Како да се спасиме од таквите луѓе а истовремено, да не дојдеме во ситуација да игнорираме некое предупредување кое е реално и на тој начин да дозволиме светов навистина да отиде бестрага?

Ричард А. Кларк е експерт за глобална безбедност кој врз основа на познати досегашни примери. во книгата “Warnings: Finding Cassandras to Stop Catastrophes“ има изградено детелен темплејт за четирите аспекти по кои може да се разликуваат вистинските предупредувања од оние на параноичните паничари.

 

23 август 2017 - 14:27