КОИ СЕ?
Луѓе на кои им бил трансплантиран орган.
Луѓе со рак кои минуваат низ активна хемотерапија или радикална радиотерапија за рак на бели дробови.
Луѓе со канцер на крвта или коскената срцевина како леукемија, лимфома или миелома, во која било фаза на третманот.
Луѓе кои примаат имунотерапија или други третмани со антитела за рак.
Луѓе на други третмани за рак кои влијаат врз имуниот систем, како протеински кинасе инхибитори или ПАРП инхибитори.
Луѓе на кои им е пресадена коскена срцевина или матични клетки во последните 6 месеци, или оние кои во моментов примаат имунисупресивни лекарства.
Луѓе со изразени респираторни проблеми како цистична фиброза, јака астма или хронична опструктивна болест на белите дробови (COPD)
Луѓе со ретки болести и вродени проблеми на метаболизмот.
Луѓе на имуносупресивни терапии.
Трудници со значајни срцеви проблеми, вродени или стекнати.
ШТО ИМ СЕ СОВЕТУВА:
- Строго да избегнуваат контакт со некој кој покажува симптоми на коронавирус.Тие симптоми вклучуваат висока температура и/или нова и постојана кашлица.
- Да не го напуштаат својот дом.
- Да не присуствуваат на никакви собиранки. Вклучително оние на семејството или пријателите во приватни простори како дома, свадби или верски обреди.
- Да не излегуваат заради пазарење, прошетки или патувања а кога им се носат храна или лекови, да им бидат оставани на куќниот праг за да се минимизираат контактите.
- Да останат во контакт со блиските преку телефон, интернет или социјални платформи.
- Да користат телефонски или онлајн сервиси за контакт со матичните лекари и други битни сервиси.