"Обемот на студијата зборува за конечноста на откритијата. Со сигурност можеме да кажеме дека напредната возраст на мајката и на таткото се ризик фактор за аутизам," изјавува директорот за истражување на јавното здравје за организацијата Аутизмот говори, Мајкл Росаноф.
Меѓу заклучоците се бројки како таа дека стапката на аутизам е 66% повисока меѓу децата родени со татковци над 55 години, отколку оние чии татковци се во 20-те години. (Разликата од 66% е од едната до другата група, а не како стапка во однос на целата популација, или процент од сите родени). Стапката била за 18% повисока и кај децата со тинејџерки мајки, наспроти оние чии мајки се во втората деценија.
На истражувачите им е прилично јасно потеклото на проблемите кај постарите родители (мутации во спермата и јајце клетките), меѓутоа се збунети од ризикот меѓу мајките тинејџерки. Едно од објаснувањата за ова второто е дека нивната возраст може да укажува на "подотпимална бременост," која генерално носи поголеми здравствени ризици.
На крај она што сериозно е нагласено во соопштението од организацијата е дека нема потреба од паничење: "Иако возраста на родителите е ризик фактор за аутизам, важно е да се запамети дека севкупно мнозинството деца родени од постари или помлади родители нормално се развиваат."
"Ризик не значи причина. Овие ризик фактори ни помагаат да ги разбереме патиштата, ама не и самата причина," објаснува Росаноф.