Истражување во Nature покажува дека кога женските комарци ќе намирисаат луѓе, во нивните мали мозочиња се активира цела патека на возбуденост а овој механизам особено се активира на деканал и недеканал, кои се испарливи компоненти кои ги има и во човечкиот себум, онаа мрсна супстанца која ја произведуваат нашите лојни жлезди за заштита на кожата.
Се работи за комарците од видот Aedes aegypti, оние кои пренесуваат жолта треска, Денга, Зика и други опасни болести а се препознатливи по црно-белата шара на нозете. Долго време истражувачите биле интригирани од фактот дека нив многу повеќе ги привлекуваат луѓето отколку животните.
Иако миризбите се комплексни миксови, научниците од Принстон развиле уникатна метода базирана на генетско секвенцирање со помош на која успеале да ги мерат надразбите на одделни компоненти. Патем мирисот на луѓе го добивале од волонтери кои небањати долго време лежеле во вреќи па потоа тој нивен мирис им бил пуштан на комарците.
Ако кај неа прскале како во Скопје и Дојран, онда јадна Мерлин Монро која викаше дека во кревет оди имајќи на себе само Шанел број 5.