Една цака што ја открива студија објавена во Кварц е дека и покрај сеопфатната унесреќеност, луѓето што имаат физички напорна работа (буквално се потат од работа) најчесто покажале поголема сатисфакција од својата работа, без разлика колку се платени.
Добар дел од оние што работеле во непријатни услови, вршејќи тешка мануелна работа се чувствуваат наградени од тоа што го работат, што до некаде објаснува зошто пожарникарите и градежниците најчесто ја сакаат својата работа повеќе отколку другите професии.
Ваквото расположение во службениот живот, почнува да се прелева и во приватниот, па се повеќе луѓе наоѓаат начини како во својот распоред да вклучат тежок физички напор. Некои тоа го прават преку маратони, триатлони или ајрон мен, некои во фитнес сала, некои плаќаат и личен тренер чија задача обично е да им кажува понапорно да вежбаат.
"Она што некогаш се сметаше за работа сега е забава. Ние уживаме работејќи по дома или во градина, создавајќи убави простори, или во одгледување растенија, додека воскреснувањето на занаетите и хобијата опфаќа армија неплатени работници кои сами ја произведуваат својата облека. А ребрендирано како шопинг терапија, купувањето се претвори од домашна обврска во опуштање.
Други работат во своето 'слободно време' како автори или блогери, сонувајќи за живот ослободен од работата, ама сепак на крај уживаат во креативна неплатена работа.
Во крајна линија, изгледа дека тоа дали ни се допаѓа работата или не, зависи од тоа зошто ние мислиме дека работиме," пишува Иан Фуведер.