По ова, според биографијата:
"Како одговор, Маск и дава на Браун две недели одмор, а за тоа време тој ќе ги преземе нејзините одговорности и ќе види дали таа е стварно неопходна за неговиот успех.
Кога Браун се враќа по две недели, Маск и кажува на дека тој повеќе нема потреба од нејзе.
Маск во разговорите за биографијата објаснува дека тој на Браун и понудил друга позиција во компанијата, но дека таа никогаш повторно не се вратила кај него во канцеларија."
Поентата на приказната што ја пренесува Бизнис инсајдер е "осигури се дека знаеш колку вредиш пред да побараш повеќе пари".
Од БИ разговараат со експертот за однесување на работно место, Лин Тејлор, и кои се најдобрите стратегии за проценување на тоа која е твојата вредност. Нејзина прва препорака е да направиш "ревизија" на твоите обврски, и да потрошиш 15 минути за да размислиш што точно работиш.
Според нејзе едно од првите прашања што човек треба да си го постави е: "Дали хонорарец може да го прави тоа што ти го правиш, а шефот пак да биде задоволен?" Ако одговорот е "да" па дури и "можеби" тогаш треба да се замислиш и да покажеш подобри перформанси.
"Сакаш да направиш да му требаш на шефот - а не само да те има на располагање," објаснува Тејлор, според која она што треба да го размислиш е "што е тоа што го прави твојот шеф успешен и како можеш ти да се најдеш во тоа".
Она што Тејлор препорачува да се запамети е дека: "Никој не е незаменлив. Варира само тоа колку е тешко да бидеш заменет."