Фискалната привлечност на ваквата стратегија е дека годишните приходи (според најдобра претпоставка) од трговија со дрога се меѓу 426 и 652 милијарди долари. За подобра перспектива, приходите од комплетната е-трговија во САД во 2019 изнесуваат 601 милијарда долари.
Прва кој реши да се вмеша во парите на картелите беше Боливија, која одлучи да го легализира одгледувањето на растението кока, под паролата „Да за кока, Не за кокаин“. Легализацијата беше воведена од Ево Моралес, и со нејзе на секое семејство во земјата му беше дозволено да засади 1.600 метри квадратни со кока растенија, меѓутоа целиот род се обврзани да им го продадат само на авторизирани откупувачи.
На терен и по статистики оваа одлука го олеснува животот на тамошното население, па за почеток земјата има една од најниските стапки на убиства во Латинска Америка, а како што објаснуваат кока одгледувачите „порано имаше секакви конфликти, сега е многу поинаку. Порано војниците нè малтретираа, посебно жените, сексуално. Сега има почит од двете страни, никој не ја надминува својата квота.“
Најслаба страна на вака среќниот исход е што Боливија е релативно мал играч во трговијата со кокаин, и произведува само околу 10% од кокаинот што се продава низ светот. Многу подалеку во оваа статистика е Колумбија, која е извор за 70% од кокаинот.
Во Колумбија не само што е легално да се консумира кокаин, туку се смета и за човеково право во знак на признавање на вредностите и културата на тамошните домородни заедници. Меѓутоа и покрај тоа одгледувањето на кока за производство на кокаин и понатаму е нелегално во земјата.
Тоа што е ново, е што сега Колумбијците почнаа да размислуваат за легализирање на производството и национализирање на кокаинот. Тука планот е владата на Колумбија да може да ја откупи жетвата од одгледувачите на кока, да ја преработи и легално да ја дистрибуира (и глобално). Во основа владата сака да ги замени картелите. И овој предлог се потпира на грбот на домородното население и нивната традиционална употреба на дрогата.
Предлогот доаѓа и со своја математика според која, владата на Колумбија годишно троши една милијарда долари на програми за уништување на кокаинот, но доколку владата едноставно би ја купила целата реколта наместо да ја уништува, тоа ќе ја чини само 680 милиони долари. Еколошкиот аспект е што на овој начин земјоделците нема после секоја рација да се кријат подлабоко во џунглата и нема да се уништуваат нови пространства за создавање на кока ниви.
Како придобивка од легализирањето се наведуваат и животите на илјадниците кока земјоделци од Колумбија (околу 200.000 семејства) кои одгледуваат кока затоа што има повисока цена отколку кафето и бананите, меѓутоа за цело време страдаат те од полицијата, те од картелите.
Во меѓувреме, на Нетфликс од скоро се емитува вознемирувачки документарец за државно субвенционираната крак епидемија во црнечките населби во САД: