За печатење на своите весници Брендон Кокс годишно троши околу 450 тони хартија. Со воведувањето на дополнителни царински давачки неговите годишни оперативни трошоци се зголемуваат за над сто илјади долари. Решение за ова е комбинација од намалување на бројот на страни, ставање помали фотографии и намалување на дистрибуцијата на весникот од 5 на 3 дена неделно.
Кокс користи хартија увезена од Канада, артикл кој се најде на списокот на производи на кои им беше крената давачката за увоз во САД и тоа исклучиво заради поплаката на еден единствен американски производител на хартија.
Проблемот за индустријата е што Кокс не е единствениот засегнат, заради што весниците низ САД кои стандардно ги објавуваат обидите за лобирање во Вашингтон за најразлични основи, сега и самите почнуваат со лобирање на законодавците со цел да го спречат сопствениот зијан.
На почетокот од месецов директори на 50 американски весници прават десант на Вашингтон и се на се успеваат да закажат состанок кај 70 претставници на Претставничкиот дом или на Сенатот, нешто што до сега се нема случено.
Проблемите започнуваат во јануари годинава, кога американските власти ја објавуваат одлуката да воведат дополнителни тарифи на канадска хартија по барање на компанијата НОРПАК. Аргументот на производителот е дека неговата истрага покажала дека Канада го преплавува американскиот пазар во хартија за весници, притоа субвенционирајќи ги домашните производители.
За споредба Дејли бист објаснува дека од тарифите навистина корист ќе имаат 300-те врабтени на НОРПАК, но тоа ќе биде на штета по работните места за околу 600.000 луѓе вработени во американските локални весници.