Њујорк тајмс ги врати наградите што ги доби за подкастот, а новинарката што го работеше, Рукми Калимачи, инаку 4-кратна финалистка за Пулицеровата награда, е прераспределена на друго работно место и повеќе не покрива тероризам за Тајмс.
Себе-проверувањето Тајмс го започнува откако кон крајот на септември Чодри беше уапсен од канадската полиција заради измама поврзана со тероризам.
Истрагата на Тајмс покажала дека не постои „никаква потврда“ дека тој ги извршил злосторствата што ги опишал, а најмалку една од фотографиите од него во Сирија била копија на општо достапна новинска фотографија што доаѓа од руската агенција Тасс, додека останатите биле објавени на Твитер неколку години пред неговата приказна.
Откако им пројде меракот на подкастот, Тајмс се распрашале за Чодри кај канадските и американските власти, според кои човекот е лажго кој никогаш не патувал во Сирија, туку ја составил приказната само за да го избегне досадниот живот во околината на Торонто. Во реалноста, Чодри работи во семејниот ресторан во Оуквил во близина на Торонто.
„Се заљубивме во фактот дека стигнавме до припадник на ИСИС што ќе го опише својот живот во калифатот и ќе ги опише своите злосторства.
Мислам дека толку бевме затрескани што кога ги видовме доказите дека тој можеби е лажго, кога ги видовме доказите дека тој можеби го измислува ова, не ги слушнавме доволно гласно,“ изјавил извршниот уредник на НПР, Дин Бакет.
Внатрешната истрага на Тајмс околу содржините во подкастот и како е дојдено до нив, открива дека авторите не се потрудиле доволно за да ги потврдат тврдењата на Чодри. Бакет сега објаснува дека откако прегледале сè, сфатиле дека „нема доволно силни докази дека тој е човекот што тврди дека е, за ние да ја потврдиме таа приказна.“
Меѓу другото, Њујорк Тајмс ја објавил веста и покрај тоа што:
- Немал докази дека Чодри воопшто некогаш бил во Сирија.
- Никогаш не видел доказ дека тој се приклучил кон ИСИС, а уште помалку дека убивал цивили за групата.
- Приказната на Чодри била полна со дупки и контрадикции.
- Дури и кога ги забележале дел од контрадикциите, тимот зад сторијата упорно барал начини да ги оправда во надеж дека неговата сторија била вистинита.
„Бакет признава дека уредниците навикнати на уредување комплексни пишани истражувачки стории покажале разбирање за амбициозниот аудио истражувачки тим кој преставил привлечен испреплеткан наратив,“ пишува НПР во текстот околу подкастот.