Сето ова се случува во време кога Сони е хакнат заради тоа што решиле да снимаат филм за севернокорејскиот лидер, што никако не ги поедноставува работите за Дизни кој само што инвестираа сериозни пари во медиум кој прави репортажи за сè од ИСИС до секс играчки. Заради ваквите околности Дизни бараа право на вето во работата на Вајс. Директорите на Вајс одбиваа да дадат уредничка контрола.
Иако деталите од преговорите и како е решено ова прашање не се знаат, се знае дека Дизни со инвестицијата стана најголем надворешен инвеститор во Вајс, а Вајс стана првиот дигитален медиум кој доби сопствен телевизиски канал, откако како дел од договорот го добија и Х2 каналот на Хистори.
Пред Дизни, младата медиумска невеста, благодарејќи на нејзиниот успех да допре до младата публика, добиваше ишарети од секоја можна голема медиумска компанија вклучувајќи ги Виаком, 21-ст Сенчури фокс, Тајм Ворнер, Дискавери и Комкаст.
И со продадените 18-те проценти од акциите, Вајс и понатаму е под контрола на Смит, благодарејќи на неговите суперакции, за кого не е страно компанијата да биде комплетно купена од Дизни. Неговиот одговор на прашањето дали би ја продал на Дизни, е "тоа е прашањето, ни јас не знам." Во однос на потенцијалот на оваа комбинација Смит резонира "ако погледнете брендови како Пиксар, Марвел и Војна на ѕвездите, кои беа продадени на Дизни ќе видите сите станаа поголеми. Сите станаа поуспешни." Според луѓе блиски на компанијата Дизни уште нема дадено понуда за купување на Вајс, кој и понатаму го задржува правото да биде продаден на друга компанија.
Со парите што ги даде Дизни, Вајс во 2015 беше проценет на 4,5 милијарди долари, далеку повеќе од кој било друг дигитален медиум. Годинава се очекува Вајс да има приходи од меѓу 750 и 850 милиони долари, што е повеќе од 50% во однос на ланските 500 милиони долари. За 2017 се очекува да ја надминат границата од 1 милијарда долари.