Таг: шејн смит

Дизни и Вајс, приказна од бајките

Дента пред потпишување на договорот со Дизни, првиот човек на Вајс, Шејн Смит, во Лас Вегас на блекџек освојува 1 милион долари. Следната вечер во претседателскиот апартман во хотелот Белаџио, Смит добива уште 400 милиони долари, овој пат инвестиција од Дизни.

Каде оди Вајс?

Она што денес е медиумска империја проценета на околу 4 милијарди долари, на која и завидува секој можен традиционален и каков било друг медиум што се обидува да ја освои младата публика, започнува со работа во 1994-та како магазин за музика и мода.