Египетскиот претседател Абдел Фатах Ал Сиси го нарече „претседателот на Мексико“, по што луто одбиваше прашања за неговата ментална кондиција:
Бајден „не се сеќавал во кој период бил потпретседател“, и не можел да се сети „во опсег од неколку години, кога починал син му Бо.“, сумиравме во „Кампањата на Бајден заврши пред да почне?“
Целиот извештај на специјалниот советник Роберт Хур го имате овде.
А Путин го видовте, нема потреба многу да драпаме околу него. Само ова: во споредба со својот акутелен американски колега, човекот е Ноам Чомски, Бизмарк и Мајкл Џордан.
Како ова го доживеаа американските корпоративни медиуми?
Тешко. Но, нивен поголем проблем е како да преживеат по патот по кој е тргната колата.
За интервјуто, занимлив им е ракурсот. Не се ни обидуваат да го омаловажат Путин (што и факат не можат после два саата зборење за историја и политика) ама затоа со сите топови пукаат по Такер.
Во моментов побитно е да се дискредитира Такер отколку Путин.
„Путин го искористи Такер за со него да го избрише подот на Кремљ“, напиша Ролинг Стоун.
„Во одолговлеченото интервју, Путин едвај му даде прилика на Карлсон да дојде до збор,“ се пожали (во име на Такер) Вашингтон пост.
„Путин заминува со пропагандна победа по мекотелското интервју на Такер Карлсон“, вика CNN.
* Видовте во „Што ќе ни е Такер кога го имаме CNN?“, како се прават интервјуа по нивно.
„Такер Карлсон се соочува со медиумски бес поради интервјуто со Путин“, констатира Политико.
Итн, итн.
Иако Путин му кажа на Карлсон дека е невозможно да се победи Америка во пропаганда бидејќи се држат главните медиуми и во САД и во Европа, проблемот е во ова:
- Фокс њуз е најгледаната кабелска мрежа со просечни 1,85 милиони гледачи на вечер во ударен термин.
- MSNBC во просек има 1,22 милиони гледачи.
- CNN во просек има само 582.000 гледачи.
Интервјуто на Такер со Путин, зa шест часа, имало 59 милиони прегледи на „Х“.