Во извештајот од над 300 страници се заклучува дека Бајден не треба да се соочи со никакви кривични обвиненија за тоа што дома чувал доверливи документи.
Лошата страна е што обвинителите одлучиле да не го гонат Бајден затоа што на порота тој најверојатно ќе и биде симпатичен лик и ќе го смета за „добронамерен, постар маж со лоша меморија“.
Самиот извештај содржи повеќе сведоштва за проблемите со сеќавање што ги има Бајден. Па така еден од истражувачите изјавува дека Бајден „не се сеќавал во кој период бил потпретседател“, или дека не можел да се сети „во опсег од неколку години, кога починал син му Бо.“
Според извештајот „сеќавањето (на Бајден) не беше јасно и кога ја опишуваше дебатата околу Авганистан која некогаш му беше многу важна“ мешајќи ги имињата не неколку клучни ликови од тој период.
Токму проблемите со сеќавањето и годините избиваат како главна слабост на Бајден на речиси сите анкети за претседателските избори.