Маркус Гедулд појаснува дека ако тој каже дека "Ал Пачино е добар" и тоа на тебе не ти се допадне, тогаш "тоа не значи дека јас сум во право, а ти не. Значи само дека имаме различни вкусови."
Како ставки што кај него треба да ги исполни добар актер се:
- Прво, да го натера да верува дека глумецот минува низ сето она што го минува и неговиот лик. Ова важи и физички (стварно скока од воз) и психички (стварно е преплашен, заљубен). Ако изгледа како да симулира, тогаш не го бива.
- Второ, актерот треба да го изненади. Самиот признава дека "ова е небулозно барање, ама важно е." Освен за мали улоги, не е доволно само актерот да изгледа реално. "Да, да бидеш реален е првиот услов, ама вториот е да не можам да ја предвидам секоја нивна реакција пред тие да ја имаат... Задачата на актерот е да ги знае пространствата на човековите можности и длабочините на сопствените можности. Тој или таа мора да се оттргне од тоа и да нè изненади. Во спротивно, актерот станува досаден и предвидлив."
Како примери за актери што го постигнуваат ова тој ги наведува Гери Олдман, Џони Деп, Џек Николсон, Кристофер Вокен, Глен Клоуз, Ал Пачино и други. Гедулд објаснува дека иако Николсон не е ни приближно вешт во трансформациите како Олдман и Деп, сепак ти никогаш не знаеш што е следното што тој ќе го направи.
- Трето, актерот е ранлив. Големите актери во своите улоги споделуваат дел од себе за кој најголемиот дел од луѓето не ни знаат дека постоел кај него. "Тие секогаш се голи (емотивно). Лошите актери се заштитени. Тие не сакаат да споделат делови од себе кои се грди, злобни, љубоморни, ситничави..."
"Кога актерите се изложени и во сирова состојба, тоа секогаш изненадува. И ако ова не остава чувство на реалност, нема поента во тоа. Всушност, овој тип на емоционална голотија многу е тешко да се симулира. Ако некогаш се сомневаш дека актер ти покажува некоја своја тајна, тога тој веројатно го прави тоа."
- Четврто, актерите знаат како да слушаат. "Фасцинантно е да се гледаат актери додека не зборуваат. Некои изгледаат како премногу зафатени со техникалии (дали ќе се сетат на следната реплика) за комплетно да бидат фокусирани на човекот со кој глумат. Други регистрираат се што ќе чујат. Можеш да видиш дека се што ќе им биде кажано, физички влијае на нив, како зборовите да им врзуваат шамари. Гледајте ја Клер Дејнс, одлична е во слушање."
- Петто, треба да знае да го користи својот глас и своето тело во полза на улогата што ја играат. "Ова не значи дека треба да е набилдан или слаб; Џејмс Гандолфини одлично го користи своето тело. Тоа значи дека знае како да се движи и да зборува на експресивен начин. Неговиот глас и тело не му се спротивставуваат за тоа да влијае на неговата улога."
После сето ова, режисерот дава пример за лош актер - Киану Ривс.