Здравје

Лепете на нешто свое

Американскиот апелационен суд ја стопираше новата серија предупредувачки стикери за цигарите чија основна намера беше да бидат огромни и одвратни. Објаснување: Не може Влада да користи производи на приватни компании како свои билборди.

Парадопинг на олимписки начин

Познавачите на состојбите меѓу параолимпијците стравуваат дека добар дел од парализираните спортисти намерно ќе се повредуваат со нивните недозволени методи за постигнување подобри резултати. Верувајте, прилично драстични методи.

Кофеин: добриот, лошиот и грдиот

Тоа што не наспани се будите од спиење е директно поврзано со шољата кафе што ќе ја испиете веднаш по станувањето.

Кој тоа газдува со нас?

Замислете гадни микроби како шпартаат по вашиот мозок и праќаат сигнали низ рбетните нерви. Или како милион мали гадови дремат во вашиот стомак и одредуваат што ќе правите. А сега, замислете дека ова не е хорор од научна фантастика, туку од природата.

Дали шарените ленти стварно помагаат?

Дилемата околу Кинесио лентите е дали навистина им помагаат на спортистите или само добро изгледаат на веќе набилданите тела?

Малигна чизма

Не е спорно дека во очајни моменти луѓе ќе се решаваат на очајни работи, ама да му дадеш на дебел панкер да те шутира во лице е сосема глупо по која било основа.

Здравиот и морето

Исто како што е подобро да си млад и богат, отколку да си стар и сиромашен, така е подобро и да живееш покрај море, отколку во Скопје.

Полот што повеќе лежи

Мажите се физички поактивни од жените, што многу и не им врши работа бидејќи жените и понатаму живеат подолго.

Стани па запали

Неактивноста убива исто колку и пушењето. Ќе ги продаваат ли сега троседите и каучите со грозни предупредувачки фотографии?

Работел, не работел...

Релативноста на времето е посебно непријатна на стари години, бидејќи колку сме постари толку побрзо ни тече времето.

За летните работи

Сама по себе, потта сред лето не е виновна за тоа што мириса во автобус, во лифт, во канцеларија, во такси, во продавница... проблемот го прават некои други работи.

Како се умира - некогаш и сега

Една споредба на причините за смрт на почетокот на 20-от век и денес, покажала дека комплетно ги имаме уништено главните болести од кои луѓето умирале пред повеќе од 100 години и истите сосема успешно ги имаме заменето со нови.

Вежбална за дебели

Канадски фитнес клуб реши комплетно да го забрани влезот и членството за сите слаби, витки и извајани билдери кои изгледаат како никогаш да не можеш да личиш на нив.

Зошто малку земја нема да ви наштети

"Лабораториски" чистиот зеленчук само му прави зијан на нашиот имунолошки систем затоа што не му дозволува барем малку да се запознае со некои од бактериите кои ги има во земјата.

Болката не умира сама

Некогаш сообраќајките беа убедливо најчестиот вид несреќи со смртни последици во САД. Во последниве 25 години тие се заменети со нешто што доаѓа на рецепт.

Вежбањето не помага во депресија

Физичката активност има влијание само на физичката активност (и веројатно на други работи) ама никако директно не влијае на депресијата.

Зошто пубертетот рано рани

Несредените семејни односи, општиот стрес на живеењето и дебелината се трите главни причини што денес девојчињата влегуваат во пубертет 5 години порано отколку пред еден век.

Ја сам рак машина

Ги знаете оние дизел крнтии во облик на автобуси, камиони и комбиња кои на нашите улици чурат црни облаци како да возат на запалени гуми? Е, па, рак.

Како да не станеш најздравиот човек

Човекот кој проба една година да живее библиски (се облекуваше, јадеше и се однесуваше како луѓето во Стариот Завет), кој ја прочита цела Британика и кој го аутсорсираше целиот свој живот во Индија, сега објави книга во која раскажува како за малку ќе умрел обидувајќи се да биде најздравиот човек на светот.

На исток повеќе се спие

Ниту ноќниот живот, ниту проблемите, ниту парите не се така решавачки за вашиот сон како географската должина. Плус, ние да сме ти биле во ќар пред речиси цела Европа.

Сами сме си криви што сами сме си криви

Тоа што имате навика да се обвинувате себеси за сè и сешто е затоа што два центра во вашиот мозок имаат проблем да комуницираат. Значи технички до вас е, ама, не е до вас.

Ќе пукнеме од јадење

5.000 жители на Њујорк секоја година умираат од што се дебели, САД е светски шампиони во дебелина, а светот е пред експлозија на дебелина.

Вежбањето е како дрога?

Вежбањето е исто како да се дрогираш, што значи дека човек може и да се предозира од вежбање. Пред ова да го закачите на ѕид како оправдание зошто не вежбате, имајте во предвид дека ова важи за луѓе што стварно многу, многу вежбаат.

Изгорени од сонцето

Да ѕирнете фотка која фрапантно ги открива штетните ефекти на сонцето врз кожата. Фото портрет на човек кој цел живот бил шофер и лесно ќе погодите од која страна му доаѓало сонцето.