Добриот: И не е толку добар
Најголемиот дел од луѓето пијат кафе бидејќи тоа ги прави да се чувствуваат будни и им го подобрува расположението. Голем број студии потврдуваат дека кофеинот навистина ги унапредува когнитивните перформанси (меморија, сконцентрираност...) на краток рок. Она што овие студии не земаат во предвид е кофеинската навика на анкетираните.
Истражувањата од Џон Хопкинс Медицинското Училиште покажува дека подобрувањето на перформансите не е возможно без зависност од ефектот на кофеинот. Односно, подобрувањето на перформансите кога си на кофеин се должи на тоа што истите тие перформанси се намалиле откако неговото дејство престанало. Па кога ќе се напиеш кафе, тоа всушност ги крева твоите перформанси на нормално ниво, за краток период.
Лошиот: Адреналин
Кофеинот предизвикува ослободување на адреналин. Адреналинот е главен за механизмот за преживување кој те присилува да станеш и да се тепаш или да претрчаш цела планина. Но, овој механизам го трга на страна рационалното мислење, за сметка на брз одговор. Ова е одлично кога те брка мечка, ама не и кога треба да одговориш на меил.
Избувливоста и немирот се сметаат за емоционални ефекти на кофеинот.
Негативните ефекти од напливот на адреналин не се гледаат само во однесувањето. Од Карнеги Мелон Универзитетот дошле до заклучок дека големите дози на кофеин го зголемуваат крвниот притисок и ја забрзуваат работата на срцето.
Грдиот: Спиењето
Кога спиеш, мозокот буквално се полни. Твојата комплетна самоконтрола, внимание и меморија се намалени кога нема доволно да се наспиеш. За да се разбудиш наспан, мозокот треба да мине низ серија на компликувани процеси. Ова можеш да го подобри и да го унапредиш квалитетот на твојот сон ако го намалиш внесот на кофеин.
Еве зошто: периодот на полураспаѓање на кофеинот е 6 часа, што значи на него му се потребни 24 часа за да излезе од твојот систем. Ако се напиеш шолја кафе во 8 часот наутро, ти уште имаш 25% кофеин во твоето тело во 20 часот. Секој пијалак што ќе го испиеш попладне, ќе остави 50% од кофеинот во твоето тело кога ќе си легнуваш.
Кога конечно ќе запиеш, те чека најлошото. Кофеинот го намалува квалитетот на твојот сон, ограничувајќи ја REM фазата. Кога заради ова нема да се наспиеш убаво, следниот ден се будиш со емотивен хендикеп. Заради ова, природно ќе фатиш шоља кафе или енергетски пијалак за да се чувствуваш подобро. И потоа продолжува магичниот круг се до идното утро.