2:1 била одлуката на судот во полза на жалбата на тутунските компании против намерата на надлежната агенција за храна и лекови да натури нови, поголеми налепници на цигарите.
Тутунарите сметаат дека новиот изглед на предупредувањата претерано го узурпира нивниот простор, многу повеќе отколку што е потребно за да се наведат здравствени информации или совети. Исто така, нивните адвокати покажаа дека не постојат никакви емпириски докази дека грозничавите слики ги одвраќаат луѓето од пушење.
Планот беше новите налепници да ја поклопуваат целата горна половина на кутиите, и напред и позади, со слики од мртви луѓе, пушач кој увлекува преку отвор во грлото, мајка и бебе како си подаваат дим и слични пејсажи.
Како типот со одвратниот тумор на грло и уште поодвратните мустаќи да не е доволен.
"Овој случај покрена важно прашање за дометот на владината моќ да принудува произведувач да остапува простор повеќе отколку што е доволно за да се назначат факти за производот, во случајов да ја користи секоја кутија цигари како мини билборд за своите анти пушачки пораки," стои во образложението на одлуката.