Се вика Toxoplasma gondii и е едноќелиски паразит. Обично живее во глувци, но нејќе животот да му заврши тука. Кога глушец ќе се зарази од овој гад, мачките му стануваат привлечни. Нормално, глушецот бива изеден а паразитот продолжува да живее.
Постои и Cordyceps, паразит од видот габи кои живее во мозокот на некои инскети. Кога ќе му дојде време, некако го манипулира домаќинот да се искачи на растение. Таму му го јаде мозокот и од неговата глава изникнува нова габа подготвена наоколу да ги расфрла своите спори за размножување.
Овие примери се дел од една статија од Scientific American MIND која ја разгледува можноста микрооргаснизмите да влијаат врз процесите во мозокот.
Човековиот стомак е домажин на цела колонија бактерии кои ги има толку многу што функционираат како посебен орган во рамките на друг орган. Меѓу другото. помагаат во апсорбирањето хранливи материи, ги регулираат процесите на воспаление во случај на инфекција и нè штитат од други микроорганизми кои би можеле да ни наштетат. Студијата сугерира дека тие можеби влијаат и врз нашето однесување и когнитивните процеси, особено меморијата.
Назад кај глувците. Два вида, едните нормални, другите со отсранети стомачни бактерии. И лавиринт кој има излез. Излезот лесно го наоѓаат и двата вида, но првите го избегнуваат, веројатно стравувајќи од непознатото и од можните предатори. За разлика од нив, глувците без стомачни бактерии не покажуваат никаков страв и многу време минуваат во незаштитениот дел од лавиринтот.
Разликите во однесувањето се проследени со разлики и во генетската активност на фактори кои влијаат врз формирањето на мозокот.
Ова не прва утврдена медицинска врска меѓу стомакот и мозокот. Познато е дека тнр irritable bowel syndrome се поврзува со одредени психички пореметувања. Но, првпат е да се утврди дека отсуството на колонијата бактерии кои го запоаседнуваат стомакот во деновите кога мозокот се формира, влијае врз неговите перформанси.
Кај сите глувци очистени од стомачни бактерии, забележани се постојано високи дози на излачен серотонин, што кај нив предизвикува намалување на анксиозноста. Но однесувањето драстично се променува откако бактериите ќе бидат вратени.
Да разбиеме малку со песна: