Во изминатите 25 години (студијата почнала во 1987.), научниците тестирале група Резус мајмуни, кои ги чувале гладни и испостени, давајќи им 30 до 40 проценти помалку храна од потребниот просек.
На крај овие мајмуни не живееле ништо подолго отколку групата со нормално нахранети мајмуни.
Дури и првиот човек на студијата, Рафаел Де Кабо, во својот текст во журналот Nature, пишува дека е изненаден и разочаран дека помалку хранетите мајмуни не живееле подолго.
Оваа студија е директно спротивна на резултатите нa повеќе истражувања на оваа тема извршени на глодари. Едно од објаснувањата зошто слабите глувци подолго живееле е дека ваквата исхрана им одговара на животните кои генерално имаат краток животен век, но не им одговара на приматите.
Она во што помогнала ваквата исхрана кај мајмуните е намалување на случаите на рак.