Здравје

СЗО: И на 2021 турете ѝ пепел

Не дека некој имаше оптимистички очекувања, ама многу е полошо кога главниот глобален авторитет за здравство ќе ти потврди дека светот ќе мине уште една година во друштво на пандемијата.

Викенд затворањето на Париз би било нехумано

Париз и околината викендите треба да ги минат под клуч како на почетокот од пандемијата, за да се намали ширењето на коронавирусот. Иако ова може е медицински исправно, човечки не се додржува.

Светов има договорено 9,6 милијарди вакцини

Блумберг регистрира договори меѓу држави и фармацевтски компании за испорака на вакцини за коронавирус. Не само што оние кои досега ги добивме ги собираше во гепек, туку, според нивниот тракер, и оние кои во Македонија треба допрва да дојдат се очајно малку.

АстраЗенека никој не ја чека

Бомбастичните предупредувања на луѓе како Макрон ѝ некои прелиминарни извештаи ѝ направија огромна штета на довербата во британската вакцина АстраЗенека. Германија трупа залихи, луѓе ја нејќат. Ете ни шанса бидејќи кај би завршило нешто што го нејќат, ако не кај нас?

Да не остане покусо, и Њујорк извади своја верзија на ковид-19

Новата верзија на ковид-19 која се шири низ Њујорк, меѓу другото носи и мутација која помага да се избегне имунитетниот систем, плус најверојатно ја намалува ефикасноста на вакцините.

2020 Јапонија ја завршила со помалку умрени од вообичаено

Сред пандемија која незапирливо хара низ планетава, во Јапонија падна бројот на смртни случаи главно затоа што кога решија да се пазат се пазеа како што треба.

Фаучи: За прележани, една доза вакцина

Првиот американски епидемилог објави дека здравствените власти ја анализираат опцијата оние кои ја прележале болеста, да добијат само една доза вакцина против ковид-19.

Сиромашните треба да издржат дур САД ги наполнат магацините со вакцини

САД нема да донира ниту една доза вакцини против ковид на сиромашните држави се додека земјата на обезбеди изобилие на вакцини за својата популација, е одговорот на Бајден на предлогот на Макрон.

Фајзер првично ја продавал вакцината 20 пати поскапо од АстраЗенека

Фармацевтската компанија во јуни минатата година и понудила на ЕУ 500 милиони дози од вакцината, по цена од 54 евра за една доза од вакцината.

10 држави искористија 75% од сите ковид вакцини во светот

Првиот човек на Обединетите нации ја оквалификува глобалната дистрибуција на вакцини како „крајно нееднаква и нефер“, а како главен аргумент за тоа е дека само 10 држави имаат потрошено 75% од глобалната залиха на вакцини.

ЕУ имала над 450.000 натпросечно повеќе смртни случаи меѓу март и ноември

Поуката што некои ќе ја сфатат е не може ЕУ да ти брои колку луѓе ти умреле за време на мандат како директна последица на твојата неспособност, ако не си членка на ЕУ.

Светот нема да биде доволно вакциниран од ковид до 2027

Како што во едни држави почнува или веќе е во тек масовна вакцинација, така во други почнуваат да се испилуваат уште „покобни видови“ на ковид-19, заради што глобалната математика за вакцинација не излегува така праволиниска како што ја мислеа.

Остајте ги антителата на раат

Како што се зголемува бројот на луѓето кои прележале ковид, така помасовна станува манијата да се проверува дали и колку антитела се имаат добиено по природен пат (пошто од бовчата  допрва ќе станеме бројни). Се заборава една многу битна работа: анти-телата служат за мемоари, не за прогнози. 

Најфасцинантната ковид приказна се вика Бутан

На седми јануари годинава, 34 годишен човек, со постоечки проблеми со бубрезите и црниот дроб, бил примен во болница во главниот град на Бутан, Тимпу. Починал од корона и тоа е прва жртва во земјата од оваа болест. Не прва жртва тој ден, таа недела или месец, туку првата жртва од почетокот на пандемијата. Можеби фактот дека отпорот им е во сржта на националниот идентитет, има некаква врска со тоа.

Фејсбук се стави на браникот во битката за вакцините

После години гноење на најразлични заговори околу вакцините (и што сè не) Фејсбук одлучи дека ќе почне да ги брише сите лажни тврдења околу вакцините, а групите со повеќе прекршоци на темата ќе бидат згаснати.

Путиновата вакцина е најдобра во светот

Ваков наслов, чисто колку да се залетаат конкубините и вебинарски бројлери кои се ежат на секое спомнување на Русија и Путин. А потоа брзо да треснат на земја кога ќе видат дека извор не ни е Спутник туку Блумберг.

Астра Зенека е слаба за јужноафриканската варијанта

Нова студија покажува дека вакцината на Астра Зенека од која ние за еден месец очекуваме барем 100.000 дози, има ограничен ефект на јужноафриканскиот сој на коронавирусот. Развивачите на вакцината ветуваат дека ќе ја модификуваат за да биде ефикасна и за тоа: некаде на есен.

Како што тргнало „нормала“ чекајте за 7 години

Со сегашната стапка на вакцинација (значи кај нас сето ова е само бетер) враќањето на „нормален живот“ би требало да се случи некаде за околу 7 години.

Богаташите спречија Индија и Јужна Африка да произведат евтини ковид вакцини

Дозвола од Светската трговска организација ќе им овозможеше на земјите во развој да почнат да произведуваат генерички верзии на ковид-19 вакцини и лекови. Дозволата не беше дадена заради блокада од богатите членки на СТО, по основа дека таквото укинување на патентите би ја осакатило идната иновација.

Втората доза вакцина е грубо будење на имуно-системот

За многумина кои ги примиле таканаречените генетски вакцини на Фајзер и Модерна, првото боцкање поминало без никакви проблеми но затоа после ревакцинацијата, телото реагирало бурно и дошло до нус-појави кои знаат да го уплашат човеек. Познавачите тврдат дека тоа што ви е лошо е само знак дека сè ќе биде добро.

Шведска нема да ја препорача АстраЗенека вакцината за 65+ демографијата

Речиси идентично на германските власти од пред некој ден, шведските здравствени власти објавија дека нема да ја препорачаат АстраЗенека ковид-19 вакцината за лицата над 65 години.

Спутник V, 91,6%

Прелиминарните резултати од анализа на податоците од повеќе од 20.000 учесници се дека руската вакцина има ефикасност од 91,6% против симптоматичен коронавирус, се наведува во студијата објавена во Лансет.

Германија нема ништо против користење руска или кинеска вакцина

Ако Спутник и Синофарм вакцините бидат одобрени од ЕУ, Германија нема да има никакви проблеми со нивно користење, изјавил германскиот министер за здравство Јенс Спан, кој деновиве е крајно благонаклонет кон речиси секоја вакцина до која може да стигне.

Додека ние го откривме британскиот сој, по светот се шири јужноафриканскиот

Еден од специфичните соеви на ковид-19, оној кој за првпат беше откриен во Јужна Африка, станува еден од најбрзо растечките соеви на коронавирусот. САД пријавија два случаи и што е најлошо во приказната, ниеден од нив не патувал никаде.