Занимливости

Каков вкус има Д-мол?

Се вели дека некој има добар вкус ЗА музика. Ама што е со вкусот НА музиката? Еден експериментален психолог се обидува да дознае дали постои врска меѓу сетилото за вкус и одредена мелодија.

Мрчаевци, наше родно село

Колку и да е бесцелно секојдневното мрчење и кукање и оплакување на својот живот и околина, на тоа може да се гледа и како на ритуал кој ги зближува луѓето. Праксата нè советува да бегаме од такви, теориски звучи сосема пристојно.

Пивска милја: трка со ждриг

Четири круга по 400 метри а во секој круг мора да испиеш шише пиво. Кој поврати, трча казнен круг.

Во Кина повеќе нема двосмисленост

Ниту реклами, ниту он-лајн или во која било форма политичка (и сите останати дебати) од сега нема да смеат да содржат игра на зборови. Кинеските власти одлучија дека тоа не само што не е интересно, туку е и проблематично за децата.

Психологијата на тоа да немаш појма

Проблемот со незнаењето е што, кога си е твое, некако се приврзуваш како кон другарче и разделбата со него ти паѓа тешко. Тоа што на другите им е јасно дека си идиот не те спречува да си тврдоглаво доследен. Џими Кимел и неколку психолози имаат нешто да кажат на оваа тема.

Часовникот што ќе го промени времето какво што го познаваме

Часовникот треба да е точен за на луѓето да им создава некаков ред во бескрајот. Новиот часовник е брутално точен, но, ако победи, ете ни хаос.

Кога експертите лажат најубедливо?

Испаѓа дека најефикасна би била следнава комбинација: Случаен минувач да каже дека е одушевен од некоја најнова владина мерка а пригоден експерт подоцна да прокоментира: Да, но не сум 100 посто сигурен во тоа.

Човекот се крие во интонацијата

Што е разликата помеѓу тоа некому да му кажеш „ТИ треба да го направиш тоа", и „Ти треба да го направиш ТОА"? Ако страдате од диспрозодија - ништо.

Како Америка пропушти историска шанса да биде секси

1964-та, изборна година во САД. На маргините на главната претседателска трка меѓу Линдон Џонсон (актуелен ВД претседател по убиството на Кенеди) и републиканскиот противкандидат Бери Голдвотер, Американците добиваат шанса да замислат алтернативен пат по кој би тргнала нивната земја. Кандидат: Дизи Гилеспи. Главно ветување: Шеф на ЦИА ќе биде Мајлс Дејвис.   

Зошто камиказите носеле шлемови?

Прашањето е малку погрешно но одговорот има логика.

Зошто камиказите носеле шлемови?

Прашањето е малку погрешно но одговорот има логика.

Сумо борачите што расплакуваат бебиња

Пред очите на родителите, викендов во Токио сумо борачи се обидуваат да расплачат што е можно повеќе бебиња. Не е за Меѓаши, за здравје било.

Зошто вашата кујна од Икеа не личи на онаа од Икеа?

Затоа што три четвртини од фотографиите на нивните производи не се вистински предмети.

Го знате ли Фридкиновиот парадокс?

Го знаете сигурно, барем од искуство. Кога не можете лесно да се решите дали на колегата кој ќе оди по доручек да му нарачате бурек или симит, или кога трошите непотребно многу време мозгајќи која паста за заби да ја купите.  

Македонските деца се најсреќни на светот

Колку и постарите да се трудат да биде поинаку и прописно да им го сјебат животот со своите проблеми, македонските деца се најсреќни на светот. Не се знае што да се прави со ваква младина.

Како дијамант од 300.000 долари беше изгубен во Ф1 судир?

Во 2004-та како дел од промоцијата за Дванаесетмината на Оушн, продуцентите одлучија за време на трката во Монако да стават дијамант на носот на болид. Два болида по еден дијамант. И двата болида се тркаа.

Најскапиот ГИФ на светот

Ако некој бил спремен да даде вагон пари за уметничка баналност, зошто друг не би бил спремен да даде помал вагон пари за дигитална верзија на баналноста?

Жените на Викинзите

Стереотипот за исклучително машки викиншки воини, само што е разбиен од археолошкото откритие за исклучително женски викиншки воинки.

Како да не бидете добронамерна шовинистичка свиња

„Благонаклон сексизам" е она кога некој маж се однесува фино кон некоја жена, само затоа што таа е - жена. Не ви е јасно? Обидете се да ѝ помогнете на феминистка да закова шајка, па ќе ви стане.

Како да откриете нарцис со просто прашање

После децении усложнувања на тестовите на личноста и нивната нарцисоидност, истражувачите го откриле наједноставниот начин за нивно дијагностицирање: едноставно, прашајте ги.

Како да се добие во политичка кавга

Едноставна е тајната на успешно окончување бескрајна дискусија со некој политички фанатик. Ако уште не сте дојдени до животната лекција таквите да ги отерате у три лепе по што блажено ќе ги игнорирате, па со нив уште ви се плетка и објаснува, читнете како тие најефикасно се замолчуваат.    

За цивилизација во која ништо нема да боли

Нели ви доаѓа кнедла во грло кога лавица ќе ѝ се з'гне на некоја млада и нејака антилопа, и ќе ја направи стек додека си рекол „природна селекција"? Светот би бил поубаво место за живеење, ако традиционалната поделба на ловец и жртва едноставо се укине, велат радикалните екоинженери.

Човекот кој го смисли "да пукне!"

"Да пукне" е глобален и сеприсутен поздрав. Се простира преку сите меридијани и паралели, функционира во сите социјални контексти, како универзален знак за добро завршена работа. Во животот на оној кој прв го смисли, лежат храбри но тажни приказни кои се за сè друго, само не за "да пукне".

Ај да вегане мори Васе

Хероиноманите знаат дека една од најголемите пречки за нивно излегување од кругот на дрогата е старото друшто кое знае да реагира жестоко посесивно кон секој нивен кој мисли да им избега и да ги напушти. Од ваков секташки менталитет не се поштедени ни веганите.