Статистички просечната куќа во која денес живее едно американско семејство изнесува 229 квадратни метри. Тоа е за 61 процент повеќе отколку пред 40 години а 11 % од пред само една деценија.
Освен фактот што стануваат сè поголеми, тенденциите покажуваат дека американските куќи сè повеќе имаат купатила и климатизери.
96% од лани изградените куќи имале по две купатила, за разлика од пред 40 години кога тој луксуз го посдеувале 61 процент од куќите. Климатизери денес имаат 93%, пред 4 децении разладени биле 46% од куќите.
A цените никогаш поголеми. Дури и со вкалкуирана инфлација, лани бил достигнат рекорд со просечна цена од296.400 долари за куќа.